ДВД ПРОЕКТ е интернационален видео-уметнички проект, чија првична намера е формирање и обединување на млади уметниците во отворен, разноврсен и меѓународен амбиент, произлезен од потребата за прикажување на нови и експериментални уметнички видеа, како и создавање услови проектот да функционира на ниво на достапна и демократска платформа за уметничко делување.
Транспарентност при создавање на уметноста
Основниот концепт на проектот претендира да оствари поголема транспарентност во начинот на делување и поттик при создавањето на видео-уметноста, да понуди простор за средба и размислување за уметниците од различни националности кои работат во полето на аудио-визуелната уметност, да го зголеми бројот на уметници и институции кои се дел од проектот, и да создаде традиција на делување во склоп на нови уметнички манифестации.
Од почетокот на неговото создавање во 2005 година, до денес, вклучени се куратори од четиринаесет земји од светот како Пасквале Наполитано од Италија, Јоел Курц од Австрија, Ерика Френкел и Карлос Сансоло од Бразил, а меѓу нив се и нашите Јованка Попова и Ивана Васева.
Во Македонија ќе се прикажат 22 дела
Инаку, ДВД ПРОЕКТ во кој досега се селектирани 160 уметнички видеа е прикажуван на повеќе меѓународни фестивали и индивидуални кураторски проекти во повеќе земји во светот , а во случајов за македонската ликовна публика кураторките Попова и Васева посегнаа по 22 видео-дела на уметници од 10 земји на светот. Тие својата селекција ја насловија како Хакирани места / Хакирани лица (Hacked Places / Hacked Faces) и нивна цел е детектирање на варијанти на состојби на транзит кои условуваат атак врз дефинирани општествени модели, просторни, политички, историски и идентитетски одредници.
Во нивниот одбир, меѓу другите, се најдоа видеа на ЗИМЕРФРАЈ од Италија, Пабло Соса од Аргентина, Армин Зоги од Франција, Јасер Балеманс од Холандија, Хорхе Луис Сантана од Куба, Емилијано Роча Минтер од Мексико и од македонските уметници Зоран Поповски, Александар Спасовски и Атанас Ботев.
„Моето видео на некој начин конкретно го актуелизира прашањето за идентитетот, односно определеноста на етничките заедници. Го снимив за време на мојот престој Санта Фе, каде што имав прилика да запознаам еден млад Мексиканец кој беше прилично револтиран од американската политика не само кон Латиноамериканците туку и кон Индијанците, Афроамериканците и слично”, вели Ботев за своето дело Алекс – одметникот.
Инаку, следното прикажување на ДВД ПРОЕКТ ќе биде од 1 до 11 декември во Бреда, Холандија, во рамките на тамошниот фестивал на уметности Интерференс.