Претседателот на Владата на Албанија Сали Бериша кој е во официјална посета на Република Македонија за време на состаноците ќе разговара за натамошно унапредување на меѓудржавните односи и за евроатланските интеграции. Дел од експертите сметаат дека треба да добијат поддршка и некои попрактични иницијативи што ќе овозможат слободно циркулирање на граѓаните.
Неодамна таков договор беше потпишан со Србија. Уште една таква нова поддршка може да донесе само средба како оваа денешнава, вели Алајдин Демири.
„Прво, што сметам дека ќе излезе како предлог е слободното циркулирање на граѓаните со лични карти итн, создавање на една мини шенген зона на Балканот.“
Тој смета дека треба да се отвори и прашањето за коридорот кој долго тлее, но се смета како тешко прашање зошто нема усогласеност. Инаку меѓу Македонија и Албанија односите имаат карактер на унапредување особено по Јадранската повелба каде Албанија, Македонија и Хрватска се ангажираа околу меѓусебната помош и информирање за постигнување на НАТО стандардите.
Од тој аспект се развива добра билатерална сорботка меѓу двете земји со оглед дека ги тангираат заедничките интереси во југоисточна Европа и на Западен Балкан, вели Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност.
Интересено е дека во однос на проблемите со кои се соочува Македонија по букурешкиот Самит на НАТО кога Албанија беше примена, а Македонија остана да чека поради проблемот околу името со Грција, Албанија се уште нема развиен единствен став во смисла на признавањето на уставно име на земјава:
„Тие во билатералните односи многу коректно се однесуваат кон Македонија, меѓутоа кога се работи на мултиларен план тогаш Македонија ја ословуваат со референцата и тука може да се каже дека нема некој континуиран однос.“
Говорејќи за меѓусебните односи Благоја Марковски истакна дека има напредок особено по 2001-та во однос на создавањето на пријателски односи по однос на малцинските прашања како во Албанија така и во Македонија. Во Албанија се прават напори да се овозможи што поголем спектар околу малцинските прашања иако со оглед на современите услови на живеење тоа се смета за незадоволително.
„Веројатно тука потпомогнува и тоа што во Македонија има завиден процент од албанската заедница и исто така што во Албанија има, посебно во пограничниот дел, поголем дел на македонско малцинство.“
Инаку, во делот на економската размена може да се каже дека Албанија е некаде на 20-то место според обемот на трговска размена со странство.
Прво, што сметам дека ќе излезе како предлог е слободното циркулирање на граѓаните со лични карти итн, создавање на една мини шенген зона на Балканот.Алајдин Демири, политички аналитичар.
Неодамна таков договор беше потпишан со Србија. Уште една таква нова поддршка може да донесе само средба како оваа денешнава, вели Алајдин Демири.
„Прво, што сметам дека ќе излезе како предлог е слободното циркулирање на граѓаните со лични карти итн, создавање на една мини шенген зона на Балканот.“
Тој смета дека треба да се отвори и прашањето за коридорот кој долго тлее, но се смета како тешко прашање зошто нема усогласеност. Инаку меѓу Македонија и Албанија односите имаат карактер на унапредување особено по Јадранската повелба каде Албанија, Македонија и Хрватска се ангажираа околу меѓусебната помош и информирање за постигнување на НАТО стандардите.
Од тој аспект се развива добра билатерална сорботка меѓу двете земји со оглед дека ги тангираат заедничките интереси во југоисточна Европа и на Западен Балкан, вели Благоја Марковски од Балканскиот форум за безбедност.
Интересено е дека во однос на проблемите со кои се соочува Македонија по букурешкиот Самит на НАТО кога Албанија беше примена, а Македонија остана да чека поради проблемот околу името со Грција, Албанија се уште нема развиен единствен став во смисла на признавањето на уставно име на земјава:
Тие во билатералните односи многу коректно се однесуваат кон Македонија, меѓутоа кога се работи на мултиларен план тогаш Македонија ја ословуваат со референцата и тука може да се каже дека нема некој континуиран однос.Благоја Марковски, Балкански Форум за безбедност.