Достапни линкови

Граничниот премин Блато, неискористен


Граничниот премин Блато на македонско-албанската граница кај Дебар, недоволно искористен.

Тој до сега нема некоја позначајна улога во размената на стоки меѓу пограничните општини Дебар и Пешкопеја, но воедно и меѓу двете соседни држави Македонија и Албанија.
Во седиштето на Регионалната Стопанска комора во Дебар велат дека поради одредени централизирани царински постапки, стопанствениците од Дебар, но и од другите соседни општини
Постојат две главни причини. Првата е поврзана со фактот што многу царински постапки се централизирани, во неколку царински терминали и вториот проблем во однос на фрекфенцијата на патници и стоки, е лошата патна инфраструктура.

трпат големи финансиски штети во однос на пласманот и транспортот на производи во Албанија, бидејќи тие се приморани да го користат граничниот перемин Ќафасан кај Струга. Како голем проблем се спомнува и лошата патна инсфраструктира на двете страни од границата.

„Постојат две главни причини. Првата е поврзана со фактот што многу царински постапки се централизирани, во неколку царински терминали и вториот проблем во однос на фрекфенцијата на патници и стоки, е лошата патна инфраструктура. Инфраструктурата треба да биде добра за да има ефекти и тоа на двете страни од границата и во Македонија и во Албанија. Ако таа е добра тогаш ефектите ќе бидат добри. Сега во Албанија е во тек изградбата на патот „Арбри“ со што се создава можност драчкото пристаниште да биде многу блиску. Овој пат ќе има не само ефекти за Дебар туку и поширокиот регион. Но, Дебар има големи проблеми со патната инфраструктура до Маврово. Патот во најголемиот дел е широк само пет метри и тој е тесен за да ги прифати потребните капацитети на френкфенција“, објаснува претседателот на Регионалната стопанска комора во Дебар, Роланд Пахуми.

Пахуми подвлекува дека ако се надминат наведените пречки и проблеми бизнисот ќе се развива без застој. Капиталот не
Капиталот дали е од Албанија или пак од Македонија не е битно. Тој треба да се развива. Ако има пречки тој ќе наидува на проблеми.

признава граници, додава Пахуми.

,,Капиталот не признава граници. Ако има добри услови за развој сигурно е дека има и подобар развој на стопанството во Дебар и пошироко. Капиталот дали е од Албанија или пак од Македонија не е битно. Тој треба да се развива. Ако има пречки тој ќе наидува на проблеми“, вели Пахуми.

Претпријатијата од двете страни на границата односно од општините Дебар и Пешкопеја подолг период бараат изградба на терминал на овој граничен премин, но тоа до сега не е сторено. Изградбата на таков терминал заедно со подобрувањето на патната инфраструкура ќе значи и зголемување на трговската размена како на пограничните општини од овој дел на границата, но позитивно ќе влијае и врз целосната трговска размена меѓу Македонија и Албанија.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG