Стефан Тасевски – саксафон, Горан Димитровски – бас, Александар Секуловски – тапани и Сашо Поповски – гитара или заедно БАЛКАН ЏЕЗ КОЛЕКТИВ на македонската музичка сцена се присутни од 2005 година. Се работи за квартет составен од врвни професионалци и група која со успех настапува на бројните фестивали во регионов. Нивната музика можеме да ја именувате како џез, фанк, етно, авангарда, фјужн...но во основа се работи за синтеза во која покрај слободните импровизации е нагласена потребата за нурнување во спецификите на автентичниот македонски музички јазик.
Од таму нималку не чуди што нивната оригиналност со акламации беше пречекана на џез фестивалот во Петровац, што потем уследи поканата за престојниот, 10-ти Џез и блуз фестивал во Кикинда, што во меѓувреме ги имавме на Астибо џез фестивал, на сродната манифестација во Кавадарци, што беа вистински репрезенти на нашата џез сцена во Бугарија и во Грција...
Од друга страна, гитаристот и водачот на групата Сашо Поповски, инаку доцент на Музичката академија при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, на интернационалната музичка манифестација во соседна Србија е планирано да одржи и работилница на тема „Стиловите џез импровизации и светската музика“.
„Сите ние гаиме некоја музика со која што би рекол сме зачнати, или ја познаваме и негуваме, но понатаму како да се филтрира изразот и како тоа да се спакува и да биде еден производ што би се продавал. Што значи идејата е како музичарите, уметниците, артистите да можат понатаму едноставно музиката што ја создаваат да ја материјализираат.“
Покрај ова, Поповски на 19 ноември, во соработка со Американскиот корнер во Битола, ќе го започне и проектот Фабрика за џез.
„Деца ќе доаѓаат на тие предавања едноставно да се запознаат со инструментите, да слушнат поинаква музика, да свират со нас, и уште мали да ги научиме дека она што им се сервира, што го примаат не е секогаш најдоброто.“
Инаку, сем во Кикинда, БАЛКАН ЏЕЗ КОЛЕКТИВ во рамките на својата мини концертна турнеја ќе музицираат и во Белград и во Нови Сад, во јануари ќе патуваат во Бугарија, а се очекува конечно да биде публикуван и материјалот со кој често настапуваат на концертните подиуми по балканските земји.
„Материјалот за „Балкан џез колектив“ е готов, имаме композиции, со тие композиции настапуваме, значи авторска е музиката, но сеуште не се ставени на запис, за жал, но во иднина и тоа ќе биде.“
Материјалот за „Балкан џез колектив“ е готов, имаме композиции, со тие композиции настапуваме, значи авторска е музиката, но сеуште не се ставени на запис, за жал, но во иднина и тоа ќе биде.Сашо Поповски, Балкан џез колектив.
Од таму нималку не чуди што нивната оригиналност со акламации беше пречекана на џез фестивалот во Петровац, што потем уследи поканата за престојниот, 10-ти Џез и блуз фестивал во Кикинда, што во меѓувреме ги имавме на Астибо џез фестивал, на сродната манифестација во Кавадарци, што беа вистински репрезенти на нашата џез сцена во Бугарија и во Грција...
Од друга страна, гитаристот и водачот на групата Сашо Поповски, инаку доцент на Музичката академија при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, на интернационалната музичка манифестација во соседна Србија е планирано да одржи и работилница на тема „Стиловите џез импровизации и светската музика“.
„Сите ние гаиме некоја музика со која што би рекол сме зачнати, или ја познаваме и негуваме, но понатаму како да се филтрира изразот и како тоа да се спакува и да биде еден производ што би се продавал. Што значи идејата е како музичарите, уметниците, артистите да можат понатаму едноставно музиката што ја создаваат да ја материјализираат.“
Деца ќе доаѓаат на тие предавања едноставно да се запознаат со инструментите, да слушнат поинаква музика, да свират со нас, и уште мали да ги научиме дека она што им се сервира, што го примаат не е секогаш најдоброто.Сашо Поповски, Балкан џез колектив.