Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози по самитот оценија дека одлуките донесени во Брисел ќе бидат поздравени во светот.
„Имавме долга и интензивна, но плодна дискусија. Прво во рамките на 27 земји, а потоа во рамките на 17 земји на еврозоната. Свесна сум и сите се свесни дека целиот свет бараше ваква средба на која покажавме дека можеме да се заштитиме од оваа длабока економска криза“, изјави Меркел.
Таа додадава дека Европа ги донесе вистински мерки. Иста е и оценката на Саркози кој наведе дека станува збор за многу важни одлуки.
„Комплексноста на работите за кои се дискутираше и за кои беше потребна согласност од сите направија оваа ноќ да биде долга. Мислам дека резултатот ќе биде пречекан од целиот свет, кој очекува силни одлуки од еврозоната.“
Европските лидери се согласија за проширување на Фондот за финансиско спасување и сега тој би требало да изнесува илјада милијарди евра.
Овој Фонд треба да помогне да се заштитат поголемите економии како Италија и Шпанија од пазарните притисоци кои ја турнаа Грција во ситуација да биде спасувана од банкрот.
„Доволен заштитен ѕид против заразата, и тоа благодарение на договорот за петкратно мултиплицирање на моќта на фондот за спасување. Тој може да достигне до билион евра под одредени пазарни услови и инвеститорска одговорност во поглед на економските политики“, наведе претседателот на Европската унија, Херман Ван Ромпуј.
Тој прецизира дека со договорот ќе се намали долгот на Грција до 120 отсто од бруто домашниот производ во 2020 година. Според сегашните услови, тој би требало да се зголеми за 180 проценти.
Ромпуј, исто така, рече дека еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд ќе и дадат на Грција уште 100 милијарди евра. Грчкиот премиер Јоргос Папандреу оцени дека со 50-процентното простување, сега дологот на Грција е одржлив.
Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Легард изрази задоволство од постигнатото на самитот во Брисел.
,,Она што го имаме на крајот од денот е сеопфатен план. Постои многу солидно вклучување на приватниот сектор во Грција. Постои програма за докапитализација на банките, а тука е Фондот за европска финансиска стабилност кој ќе претставува добра основа за зајакнување на одбраната на Европа“, изјави Легард.
Таа особено го потенцира, како што рече, јасниот политички консензус за подобра економската и фискалната интеграција на Европа.
Мислам дека резултатот ќе биде пречекан од целиот свет, кој очекува силни одлуки од еврозоната.Никола Саркози, претседател на Франција.
„Имавме долга и интензивна, но плодна дискусија. Прво во рамките на 27 земји, а потоа во рамките на 17 земји на еврозоната. Свесна сум и сите се свесни дека целиот свет бараше ваква средба на која покажавме дека можеме да се заштитиме од оваа длабока економска криза“, изјави Меркел.
Таа додадава дека Европа ги донесе вистински мерки. Иста е и оценката на Саркози кој наведе дека станува збор за многу важни одлуки.
„Комплексноста на работите за кои се дискутираше и за кои беше потребна согласност од сите направија оваа ноќ да биде долга. Мислам дека резултатот ќе биде пречекан од целиот свет, кој очекува силни одлуки од еврозоната.“
Целиот свет бараше ваква средба на која покажавме дека можеме да се заштитиме од оваа длабока економска криза.Ангела Меркел, канцеларка на Германија.
Европските лидери се согласија за проширување на Фондот за финансиско спасување и сега тој би требало да изнесува илјада милијарди евра.
Овој Фонд треба да помогне да се заштитат поголемите економии како Италија и Шпанија од пазарните притисоци кои ја турнаа Грција во ситуација да биде спасувана од банкрот.
„Доволен заштитен ѕид против заразата, и тоа благодарение на договорот за петкратно мултиплицирање на моќта на фондот за спасување. Тој може да достигне до билион евра под одредени пазарни услови и инвеститорска одговорност во поглед на економските политики“, наведе претседателот на Европската унија, Херман Ван Ромпуј.
Она што го имаме на крајот од денот е сеопфатен план. Постои многу солидно вклучување на приватниот сектор во Грција. Постои програма за докапитализација на банките, а тука е Фондот за европска финансиска стабилност.Кристин Легард, шефица на Меѓународниот монетарен фонд.