Достапни линкови

Најава за жестока расправа за пописот


ДПА ја напушти седницата, а опозицијата бара кривична одговорност за неуспешниот попис и залудно потрошените 14 милиони евра.

Почна па беше одложена собраниската седница на која треба да се расправа и да се гласа за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за попис. Владата, вчеравечер расправаше и го утврди текстот на Предлог законот што треба да се донесе по скратена постапка. Комисијата за политички систем и Законодавно-правната комисија денеска треба да се изјаснат за предлог-законот. Седницата треба да продолжи утре.
Согледувајќи ја неподготвеноста на парламентарното мнозинство, што докажува и предлог законот кој што денеска го имаме на дневен ред за престанок на пописот без претходни консултации, без изразување на подготвеност за дијалог, ДПА ја напушта работата на собранието.
Имер Алиу, ДПА.

Собраниската седница за законот со кој треба да се укине законот за попис беше прекината по неколкуте процедурални забелешки, кои најавуваат жешка расправа за законот. ДПА ја напушти седницата, а коалицијата на СДСМ бара кривична одговорност за неуспешниот попис.

Министерот за правда, Блерим Беџети, образложувајќќи ја одлуката на Владата, рече дека причините за донесување на овој закон се недоследности и недоречености во примената на одредби од Законот за попис како резултат на недоволното време за подготовка и обучување на учесниците во спроведување на пописот во земјата.

Пратеникот Имер Алиу од ДПА соопшти дека неговата партија нема да учествува во работата на Парламентот за оваа точка на дневен ред. Тој реагира поради тоа што не се отворил поширок политички дијалог за процесот на попишување, не се одржала средба на лидерите на најголемите политички партии и поради тоа што парламентарното мнозинство не одржало претходни консултации за законот што е на дневен ред.

„Согледувајќи ја неподготвеноста на парламентарното мнозинство, што докажува и предлог законот кој што денеска го имаме на дневен ред за престанок на пописот без претходни консултации, без изразување на подготвеност за дијалог, ДПА ја напушта работата на собранието.“
Опозицијата бара кривична одговорност за залудно потрошените пари за пописот
Опозицијата бара кривична одговорност за залудно потрошените пари за пописот


Пратеничката Весна Бендеска инсистира на седницата да биде присутен и премиерот Никола Груевски, како најодговорен за овој „невиден скандал“.

„Ако веќе човекот успева да стигне на секое отварање на тениски игралишта, дури и на отварање на било која селска чешма, денес може да биде тука и пред нас пратениците и пред цела македонска јавност да даде одговори.“
Ако веќе човекот успева да стигне на секое отварање на тениски игралишта, дури и на отварање на било која селска чешма, денес може да биде тука и пред нас пратениците и пред цела македонска јавност да даде одговори
Весна Бендевска, СДСМ

Според Бендеска, премиерот Груевски треба да одговори кои се вистинските причини за „комплетниот крах“ на пописот. Кој е тој што се обидел да го фалсификува пописот и кој ќе понесе кривична и политичка одговорност за тоа што се „оддувани во ветар 14 милиони евра“ народни пари, што се потрошија за пописот.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, реплицираше дека на седницата се поканети и премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорге Иванов и сите министри.

Пратеникот Горан Мисовски од НСДП отиде чекор понатаму и побара притвор за виновниците за неуспешниот попис. Ако го донесеме овој закон за поништување на пописот ќе пропаднат 10 милиони евра пари на граѓаните, рече Мисовски.
Очекувам во текот на утрешниот ден кога ќе помине ова законско решение и јавниот обвинител и истражниот судија да издадат налог за притвор на сите оние одговорни во владата на Груевски и Ахмети.
Горан Мисовски, НСДП.

„Во притворот, во затворот во Шутка за многу, многу помалку средства противзаконито се држат луѓе за злосторниско здружување и затоа јас очекувам во текот на утрешниот ден кога ќе помине ова законско решение и јавниот обвинител и истражниот судија да издадат налог за притвор на сите оние одговорни во владата на Груевски и Ахмети кои не беа способни да го спроведат пописот и да дозволат да пропаднат 10 милиони евра.“

Според Изет Зеќири од НДП, актуелната Влада нема капацитет да спроведе попис, а Рејхан Дурмиши од ПЕИ рече дека владата се исплашила да не се формира поинаква етничка структура во земјата.

Пописот почна на 1 октомври, а беше прекинат откако членовите на Државната пописна комисија поднесоа оставки поради недоследна примена на Законот за попис. Пописот требаше да се одржи од 1 до 15 април годинава, но беше одложен поради изборите и презакажан за терминот од 1 до 15 октомври.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG