Без оглед дали се Македонци или припадници на некоја од етничките заедници во мултиетничката општина Куманово запрашаните граѓани се согласуваат дека попис на населението треба да има. Симптоматично е безмалку кај сите, тоа што не веруваат во реалноста на резултатите, додавајќи дека политичарите се секогаш подготвени да прават малверзации и да добиваат лични и партиски поени.
„Да.“
„Не би требало, само треба да се покаже реалноста. Не верувам во реалноста во Македонија, затоа што политичката клима е таква.“
„Не верувам, ниту во политичарите, ниту во попишувачите.“
„Нормално е дека ќе биде подобро. Лесно е ти и јас да се договориме. Ова важи, она не важи.“
„Не верувам. Има малверзации. Во оваа држава се е можно. Политичарите не треба да се мешаат, ама тие се мешаат, што да им правиме!“
„Не треба да се мешаат политичарите, ама во секој случај реалноста нема да излезе на виделина.“
„Зошто политичарите да се мешаат, како што знам Заводот за статистика ги обработува податоците. Нема зошто да се мешаат политичарите, а тие најверојатно се мешаат.“
„Тие не може да сметаат дека нема да биде реално, затоа што по бројноста на населението тие не можат да бидат повеќе од нас, меѓутоа знаеме каква е ситуацијата со нивните државјанства надвор. Кога не се овде, а се таму, тие сакаат да дојдат и никогаш нема да имаме точна бројка на процентуалната застапеност на македонското и албанското население.“
„Не верувам во реалноста, зашто се е наместено во Македонија.“
Ако денот по утрото се познава и овој општествен процес нема да помине без бројни турбуленции, несогласувања со пописните резултати или пак со обученоста на попишувачите. Штом бурата ќе стивне како и многу пати до сега, без оглед колку се согласувале или не со крајните резултати, во круцијалните моменти сите ќе се повикуваат на нив.
Не треба да се мешаат политичарите, ама во секој случај реалноста нема да излезе на виделинаГраѓанин на Куманово
Мислите ли дека треба да има попис?
„Треба да има. Треба да се знае бројката.“
„Да.“
Дали треба политичарите да го политизираат пописот?
„Не би требало, само треба да се покаже реалноста. Не верувам во реалноста во Македонија, затоа што политичката клима е таква.“
Верувате ли во реалноста?
„Не верувам, ниту во политичарите, ниту во попишувачите.“
Значи ли ако политичарите ги остават сами и граѓаните и попишувачите ќе биде подобро?
„Нормално е дека ќе биде подобро. Лесно е ти и јас да се договориме. Ова важи, она не важи.“
„Не верувам. Има малверзации. Во оваа држава се е можно. Политичарите не треба да се мешаат, ама тие се мешаат, што да им правиме!“
„Не треба да се мешаат политичарите, ама во секој случај реалноста нема да излезе на виделина.“
„Зошто политичарите да се мешаат, како што знам Заводот за статистика ги обработува податоците. Нема зошто да се мешаат политичарите, а тие најверојатно се мешаат.“
Зошто? И Албанците така сметаат?
Тие не може да сметаат дека нема да биде реално, затоа што по бројноста на населението тие не можат да бидат повеќе од нас, меѓутоа знаеме каква е ситуацијата со нивните државјанства надвор. Кога не се овде, а се таму, тие сакаат да дојдат и никогаш нема да имаме точна бројка на процентуалната застапеност на македонското и албанското население.Граѓанин на Куманово.