Достапни линкови

Проблеми пред стартот на пописот


Од Државната пописна комисија велат дека пописот нема да биде одложен, откако членовите од албанската заедница ја напуштија работата на комисијата.

Замeник претседателот на Државната пописна комисија, Абдулеменаф Беџети потврди дека поднел оставка, но не сакаше да го коментира овој чекор. Во меѓувреме, нејасно е дали комисијата ќе продолжи да работи и без членовите кои ја претставуваат албанската заедница. Во изјавите на останатите членови на комисијата дадени за Македонската информативна агенција се тврди дека пописот ќе почне, а проблемите ќе се решаваат дневно и во од. И според изјавата на претседателката Весна Јаневска од вчера, пописот нема да биде одложен.
Очекувам дека истите треба да се вратат, инаку навистина ова ќе биде еден голем пропуст кој може да се одрази врз целиот процес.
Осман Кадриу, универзитетски професор.

Во врска со новонастанатата ситуација, синоќа коментар најавија и од владеjачката партија од албанскиот блок ДУИ, но засега нема изјави.

Според соопштението што вчера го доставија членовите кои ја преставуваат албанската заедница, една од причините што ја напуштаат комисијата е дека немало технички и оперативни сретства за спроведување на пописот. Според информациите, пак, од ДПК ноќеска се дефинирани конечните листи на попишувачи, обуки се уште се оддржуваат, а се предава материјалот на комсииите онаму каде таа е завршена.
x

Професор Осман Кадриу од Факултетот за oпштествени науки очекува членовите да се вратат во Комисијата и нагласува дека треба да се дејствува и политички.

„Колку што ми е познато, сепак се во тек разговорите помеѓу членовите што ја напуштиле работата на Комисијата и другите релевантни фактори посебно од албанскиот политички блок и очекувам дека истите треба да се вратат, инаку навистина ова ќе биде еден голем пропуст кој може да се одрази врз целиот процес бидејќи станува збор за излегување од комисијата на членовите не по партиска, туку по национална припадност, а тоа не е добро.“

До напушањето на комисијата од преставниците-Албанци дојде откако во изминатите неколку денови се појавија големи разлики пред се околу попишувањето на странците. Тие бараат на пописот да се попишуваат и лицата што во странство престојуваат и повеќе од 12 месеци, што е спротивно на законот.

Идентично барање имаат и претставниците на турската заедница. Тројца нивни членови вчера исто така ја напуштија седницата на Државната пописна комисија. Претставникот на турската заедница, Салих Мурат, не потврди дека поднел оставка туку само дека има техничко организациски проблеми со пописот.

Во врска со претстојниот попис, Владата на вчерашната седница донесе неколку заклучоци. Меѓудругото со нив се задолжуваат сите лица кои се избрани за попишувачи од државната и јавната администрација да ја почитуваат законската обврска и да учествуваат во пописот, а раководителите на институциите се задолжуваат да ги ослободат овие лица од тековните работни обврски, исто така, како што налага законот.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG