Домашните експерти предупредуваат дека континуираното бришење на лица од списокот на невработени предизвикува нереална слика за фактичката состојба во земјава. Стапката на невработеност која во моментот изнесува 31 процент, се намалува на вештачки начин, објаснуваат експертите.
„Цело време се смета дека фактичката невработеност во Македонија е пониска од онаа бројка која ја има Агенцијата за вработување на невработени лица, но бидејќи имаме тука еден нов момент, бришење на луѓе од евиденција кои фактички се невработени, веќе тоа знаење станува една флоскула, една неточна работа дека фактичката бројка на бројот на невработени е помала од бројот што го има Агенцијата за вработување“, изјави политикологот Здравко Савески.
Дека бројката на невработени лица во земјава е нереална, се согласува и професорот Етем Азири. Но, проблемот со овој феномен, тој го лоцира кај политичките партии, кој како што вели ја играат улогата на работодавци.
„Политичките партии се претворени во Заводи за вработување, ако им се одземе таа компетенција дури тогаш во Македонија ќе видиме на кое ниво е вистинската демократија, тоа ќе се одрази врз нешто друго на пример зголемување на степенот на политичка апатија.“
Најавите за новата економска криза, само дополнително ќе ја влошат состојбата со невработеноста, посочуваат нашите соговорници. Евентуалното повлекување на странските фирми во кои работат наши граѓани би предизвикало бран нови отпуштања и поголема невработеност, вели Савески.
„Наместо владата да презема навреме мерки да го ублажи тој удар, таа сака да го ублажи ударот со тоа што секој што може да го избрише од евиденција, ќе го избрише.“
Според Азири, пак, неопходно е надлежните даводи поисправна политика. Политиката на вработување не треба да ја засега дали кандидатот е член на одредена политичка партија и дали нејзината идеологија се совпаѓа со таа на вработувачот, вели тој.
„Треба да се внимава секое семејство колку има вработени и со какви проблеми се соочува итн., а ние водиме сметка дали луѓето се членови на „нашата“ партија, дали гласаат за нас или не гласаат за нас.“
Според последните податоци на Агенцијата за вработување, нови 9.000 лица се симнати од списокот за невработени во август. Според Министерството за труд и социјална политика, статусот невработено лице се одзема на студенти и лица кои по некаква основа примаат помош од државата. Од почетокот на годинава, вкупниот број на избришани невработени надмина 46 илјади лица.
Имаме тука еден нов момент, бришење на луѓе од евиденција кои фактички се невработени.Здравко Савески, политички аналитичар.
„Цело време се смета дека фактичката невработеност во Македонија е пониска од онаа бројка која ја има Агенцијата за вработување на невработени лица, но бидејќи имаме тука еден нов момент, бришење на луѓе од евиденција кои фактички се невработени, веќе тоа знаење станува една флоскула, една неточна работа дека фактичката бројка на бројот на невработени е помала од бројот што го има Агенцијата за вработување“, изјави политикологот Здравко Савески.
Дека бројката на невработени лица во земјава е нереална, се согласува и професорот Етем Азири. Но, проблемот со овој феномен, тој го лоцира кај политичките партии, кој како што вели ја играат улогата на работодавци.
„Политичките партии се претворени во Заводи за вработување, ако им се одземе таа компетенција дури тогаш во Македонија ќе видиме на кое ниво е вистинската демократија, тоа ќе се одрази врз нешто друго на пример зголемување на степенот на политичка апатија.“
Треба да се внимава секое семејство колку има вработени и со какви проблеми се соочува итн, а ние водиме сметка дали луѓето се членови на „нашата“ партија, дали гласаат за нас или не гласаат за нас.Етем Азири, универзитетски професор.