Достапни линкови

БиХ една година без влада


Сараево.
Сараево.

Во Босна и Херцеговина измина една година од изборите, а се уште не е формирана извршна власт на државно ниво. За повеќето аналитичари, единственото решение за земјата можеби е високиот претставник на меѓународната заедница Валентин Инцко.

Една година политичарите во Босна и Херцеговина не можат да се договорат и да формираат Совет на министри.

Многубројните состаноци што се одржауваа по градовите во земјата не донесоа резултат.

Во меѓувреме, како што наведува дописничката на Радио Слободна Европа Џенана Карабеговиќ, расте бројот на невработените и на фирмите во стечај, а не се искористуваат ни средствата од ИПА фондовите.

„Го видовте ли последниот состанок? Се смее Златко, се смее Додик, сите се смеат на крајот на состанокот. Ним тоа им е смешно“, вели Сенада Љајиќ, која на една година пред да добие пензија остана без работа.

Во Босна и Херцеговина по изборите беа конституирани ентитетски влади и парламенти.
Се надевавме дека работите ќе одат побрзо по изборите и оти луѓето ќе се учат на сопствени грешки. Но, за жал тоа не се случи и ми се чини дека се им е поважно отколку интересите на граѓаните.

Тоа беше сторено и во поголемиот број кантони во федерацијата. Работат и двата дома на државниот парламент, но немаат мнозинство.

„Се надевавме дека работите ќе одат побрзо по изборите и оти луѓето ќе се учат на сопствени грешки. Но, за жал тоа не се случи и ми се чини дека се им е поважно отколку интересите на граѓаните“, оценува Ивица Чавар од Центарот за цивилни иницијативи.

Поради неформирањето влада, Босна и Херцеговина загуби голем број стратегиски партнери кои поради политичка несигурност ја заобиколуваат земјата.

„Голема несреќа ќе биде доколку Босна и Херцеговина ги загуби и бесповратните финансиски средства од меѓународните институции, особено од ИПА фондовите кои претставуваат опстанок на стопанството“, вели економскиот експерт Дуљко Хасиќ.

Со него се согласува и аналитичарот Зекеријах Смајиќ кој наведува дека граѓаните на Европската Унија на Босна и Херцеговина гледаат како на темен вилает.

„Тоа е најдобар доказ колку една земја не може ништо да преземе за својата кредибилност дома и во странство, бидејќи нема влада која ќе ја застапува на меѓународен план.“

Смајиќ додава дека високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко, треба конечно да почне да ја работи својата работа, односно да интервенира кога ќе дојде до блокади. Во спротивно, како што додава, земјата оди во пропаст од каде што нема враќање.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG