Присуството на премиерот Никола Груевски и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на Генералното собрание на Обединетите нации и секојдневните средби со светски државници се корисни за државата, но од таму не треба да очекуваме чуда. Водењето тајни дипломатски преговори не можат да го решат прашањето за името, но тие можат да го олеснат процесот на преговорите, оценува домашната стручна јавност.
„Мислам дека не треба да се очекуваат никакви големи придвижувања во проблемите со кои се соочуваме. Проблемот со името не се решава на такви средби, ниту на средби со премиерот со Грција доколу тој беше таму. Нашиот проблем е од таков карактер што целата дипломатија треба да биде во „погон“ да работи, да бара излезни решенија, модалитети кои ќе доведат до излез од ќорсокакот“, изјави поранешниот дипломат Ристо Никовски.
Додава дека спорот со името е сложено прашање кое треба да се решава постепено и посветено, а јавната дипломатија може само да созададе дополнителен притисок во решававањето на истото.
„Тоа е таков тежок проблем, долг проблем и тој бара сепак посебно внимание и посебен ангажман, јавната дипломатија во тоа може само да создаде терен, може да отвори простор, но преку јавна дипломатија, било Нимиц, било што друго, решение нема да се најде.“
Дека дипломатските средби од тој карактер можат да бидат корисни се согласува и аналитичарот Алберт Муслиу. Тие средби помагаат за зближување, а тоа значи зголемена можност за дијалог и оформување пријатели кои би можеле да лобираат во наша корист, објаснува Муслиу.
„На тие средби се бараат и пријатели, па тие пријатели дали ќе лобираат некаде, дали ќе даваат совети на другата страна, така што во секој случај е позитивна работа и јас би сугерирал тоа и почесто да се случува. Овие светски форуми се моменти кои лидерите не треба да ги промашуваат, затоа што таму се сите.“
Во меѓувреме, засилените дипломатски активности на владините претставници продолжуваат. Од министерството за надворешни работи информираат дека министерот Попоски вчера се сретнал со неговиот грчки колега Ставрос Ламбринидис, но детали од средбата не се соопштуваат. На претходната средба со медијаторот Метју Нимиц, Попоски ја истакнал подготвеноста на Република Македонија за активно и конструктивно учество во процесот за решавањето на прашањето за името.
Мислам дека не треба да се очекуваат никакви големи придвижувања во проблемите со кои се соочуваме. Проблемот со името не се решава на такви средби, ниту на средби со премиерот со Грција доколу тој беше тамуРисто Никовски, поранешен амбасадор
„Мислам дека не треба да се очекуваат никакви големи придвижувања во проблемите со кои се соочуваме. Проблемот со името не се решава на такви средби, ниту на средби со премиерот со Грција доколу тој беше таму. Нашиот проблем е од таков карактер што целата дипломатија треба да биде во „погон“ да работи, да бара излезни решенија, модалитети кои ќе доведат до излез од ќорсокакот“, изјави поранешниот дипломат Ристо Никовски.
Додава дека спорот со името е сложено прашање кое треба да се решава постепено и посветено, а јавната дипломатија може само да созададе дополнителен притисок во решававањето на истото.
„Тоа е таков тежок проблем, долг проблем и тој бара сепак посебно внимание и посебен ангажман, јавната дипломатија во тоа може само да создаде терен, може да отвори простор, но преку јавна дипломатија, било Нимиц, било што друго, решение нема да се најде.“
На тие средби се бараат и пријатели, па тие пријатели дали ќе лобираат некаде, дали ќе даваат совети на другата страна, така што во секој случај е позитивна работа и јас би сугерирал тоа и почесто да се случуваАлберт Муслиу, политички аналитичар