Променливото време атакува врз здравјето, тетовските здравствени амбуланти денови се полнат со пациенти. Варијацијата на температурата на воздухот е карактеристика септемвриските денови, а со променливото време и наглите температурни осцилации, рака под рака одат здравствените проблеми на граѓаните. Актуелните временски услови влијаат како на здравите, така и на болните лица, вели д-р Беким Исмаили од Здравствениот дом во Тетово.
„Јасно е дека кај децата и кај возрасните најмногу влијае, посебно кај оние коишто се хронично болни, а инаку влијае кај сите.“
Спарнината и променливо време, разлика во температура преку ден и онаа во ноќните часови, се причина за зачестена појава на вирози, гастроинтестинални проблеми и сл. Маки имаат и оние со срцеви и заболувања на дишните патишта.
„Појава на вирози, на малаксаност, на нелагодност, губење на апетит, се појавуваат и тегоби со пролив и повраќање... тоа се тие најчести симптоми кои што се јавуваат кај целата популација.“
Да ги менуваме временските услови не можеме, но во зачување и унапредување на здравствената состојба можеме многу да сториме, порачуваат лекарите.
„Како да си помогнеме? Да се внимава, да не се излегува без потреба кога сонцето е силно, да se консумираат повеќе течности, свежа храна, да се мие убаво храната, хроничните болни да ја земаат редовно терапијата. Тоа се препораките кои што им ги даваме на граѓаните, е сега колку ги почитуваат тоа е друга работа.“
Придржување кон принципите за правилна исхрана, одржување на соодветна телесна тежина, внес на витамини, минерали и доволно течности, како и одмор, но и рекреација е она што најмалку можеме да сториме за доброто здравје подолго да не служи.
Јасно е дека кај децата и кај возрасните најмногу влијае, посебно кај оние коишто се хронично болни, а инаку влијае кај ситед-р Беким Исмаили, Здравствен дом Тетово.
„Јасно е дека кај децата и кај возрасните најмногу влијае, посебно кај оние коишто се хронично болни, а инаку влијае кај сите.“
Спарнината и променливо време, разлика во температура преку ден и онаа во ноќните часови, се причина за зачестена појава на вирози, гастроинтестинални проблеми и сл. Маки имаат и оние со срцеви и заболувања на дишните патишта.
„Појава на вирози, на малаксаност, на нелагодност, губење на апетит, се појавуваат и тегоби со пролив и повраќање... тоа се тие најчести симптоми кои што се јавуваат кај целата популација.“
Да се внимава, да не се излегува без потреба кога сонцето е силно, да se консумираат повеќе течности, свежа храна, да се мие убаво храната, хроничните болни да ја земаат редовно терапијатад-р Беким Исмаили, Здравствен дом Тетово.