Градежните работници се плашат отворено да зборуваат дали владата доцни со исплатата на проектите на кои работат нивните фирми, со што доцнат и нивните плати. Поголемиот дел од нив продолжуваат да работат без пауза и на високите температури кои веќе подолго време ја зафатија земјава.
Од синдикатот за градежништво не откриваат дали работниците кои се ангажирани во проектот Скопје 2014 година, навремено добиваат плата за својот труд. Сепак упатуваат апел до одговорните да ги заштитат своите вработени и да им обезбедат навремени приходи и безбедни услови за работа.
„Значи сите кои што не исплаќаат пари или кои што ги злоупотребуваат работниците, па и финансиерите кои што даваат пари секој треба да сноси санкции. Никој не може да работи за некого без пари, а ние бараме работниците секој месец да земаат плати бидејќи и тие имаат семејства за гледање“, вели првиот човек на Синдикатот за градежништво, Павел Трендафилов.
И во Стопанската комора на градежници не знаат дали доцни исплатата на платите на градежните работници кои се ангажирани во проекти чиј финансиер е Владата. Претседателот на комората Никола Велковски вели дека на интерните состаноци градежните фирми постојано се жалат дека не им се плаќа, но пред медиумите истите велат дека сите трошоци им се подмирени. Велковски, сепак, признава дека доцнењето со исплатата не е ништо ново.
„Нема шанса државата да не плати, ама дека прави калкулации на кого, како, плаќање по приоритети, значи повторно со закаснување се плаќа.“
Зошто работниците се плашат отворено да зборуваат за ова прашање? Експертите велат дека тоа го предизвикува стравот од губење на работното место. Универзитетскиот професор Хасан Јашари посочува дека појавата на јавен страв во македонското општество е предизвикан од социјалната положба на населението, но и од политичката ситуација во земјава.
„Во денешно време секој се плаши за работното место нема веќе како во социјализмот работните места да се загарантирани и човек треба со лична борба, со личен ангажман постојано да се докажува, тоа е еден јавен страв кој е предизвикан од социјалната положба на населението, од економската положба на општеството“, изјави Јашари.
Засега, долгот на државата кон компаниите од градежниот сектор останува тајна. Во меѓувреме, Владата најави дека до крајот на годината ќе продолжи со капитални инвестиции со цел да го поддржи градежниот сектор.
Никој не може да работи за некого без пари, а ние бараме работниците секој месец да земаат плати бидејќи и тие имаат семејства за гледање.Павел Трендафилов, синдикат за градежништво.
Од синдикатот за градежништво не откриваат дали работниците кои се ангажирани во проектот Скопје 2014 година, навремено добиваат плата за својот труд. Сепак упатуваат апел до одговорните да ги заштитат своите вработени и да им обезбедат навремени приходи и безбедни услови за работа.
„Значи сите кои што не исплаќаат пари или кои што ги злоупотребуваат работниците, па и финансиерите кои што даваат пари секој треба да сноси санкции. Никој не може да работи за некого без пари, а ние бараме работниците секој месец да земаат плати бидејќи и тие имаат семејства за гледање“, вели првиот човек на Синдикатот за градежништво, Павел Трендафилов.
И во Стопанската комора на градежници не знаат дали доцни исплатата на платите на градежните работници кои се ангажирани во проекти чиј финансиер е Владата. Претседателот на комората Никола Велковски вели дека на интерните состаноци градежните фирми постојано се жалат дека не им се плаќа, но пред медиумите истите велат дека сите трошоци им се подмирени. Велковски, сепак, признава дека доцнењето со исплатата не е ништо ново.
„Нема шанса државата да не плати, ама дека прави калкулации на кого, како, плаќање по приоритети, значи повторно со закаснување се плаќа.“
Нема шанса државата да не плати, ама дека прави калкулации на кого, како, плаќање по приоритети, значи повторно со закаснување се плаќаНикола Велковски, претседател на Стопанската комора на градежници.