Достапни линкови

Неделен печат


Анализи за прославата на 8 Септември доминираат во неделните печатени медиуми.

Централната прослава на 8 Септември на плоштадот Македонија во Скопје беше и помина. Но, продолжува да ги предизвикува новинарите и неделниците што не мислат исто како и владејачката партија.

Фокус - Македонија ќе успее и покрај сите напори на Груевци да го спречат тоа

„Бранко се налути затоа што Декларацијата за независност ја пренесоа во Музејот на жртвите на комунизмот“ - забележува авторот на колумната во Фокус. Но, продолжува, тоа воопшто не ја вознемири власта. Нормално. Тие не трепнаа ниту на љубчовиот револт од ретуширањето на историјата на која мнозинството сме современици. Зошто би се секирале за локацијата, кога мува не ги лази ниту за самиот предлагач на „пренесеното“?!
Прославата на Денот на независноста главна тема во неделниците

Што може друго и да се очекува од Груевци, кои на две третини од народот му го преседнаа славјето, кое тие сепак си го нарекоа - општонародно!!! Но тоа личи на нив, славјето за нив има и космополитска димензија, иако самата не покани ниту еден странец - констатира Фокус за на крајот на колумната да заврши со пораката дека Македонија ќе успее и покрај сите напори на Груевци да го спречат тоа, зашто власта е менлива, а државата останува, се разбира сосе шансата да се поправат грешките и пропуштеното да се надомести. 8 Септември останува голем ден за сите нас, кој не може никој да ни го одземе - порачува авторот на колумната во Фокус.

Фокус - Време е Шврговски да се врати во адвокати

Во друг напис неделникот се осврнува на постапката на обвинителот Шврговски кој формално се откажа од случајот „Мавровски работници“, а три и пол години пред тоа, потсетува неделникот, ја убедуваше јавноста дека четирите предмети вратени од Хаг не подлежат на Законот за амнестија. Време е Шврговски да се врати во адвокати, му порачува Фокус на јавниот обвинител.

Глобус - Рефлексивноста погазена од пропагандата

x

За „Блескавиот јубилеј и за мачната стварност“, пишува авторот на колумната „Од дистанца“, во он-лајн изанието на Глобус, за да констатира дека за големата прослава на јубилејот власта направи се' реализмот да се најде во втор план, а рефлексивноста да биде погазена од пропагандата. Јубилејот не го искористивме да си ги поставиме прашањата: што бевме во минатото, што сме денес, што ќе биде со нас утре. На Балканот постои манир значајните годишнини да се користат за покажување дека се прежалени и поразите и заблудите, а според тој критериум Македонија се вклопи во балканското сивило - историјата се прогласува за победничка, поразите се ставаат под тепих, заклучува Глобус.

Глобус - Кој му давал пари на Љубе?

Неделникот пишува и за друга тема - дека се приближува 15 септември кога Љубе Бошкоски ќе застане пред суд, но дека јавноста се' уште чека детали за местенката на брат Љубе. Притоа наведува дека два детаља се битни за процесот „Кампања“: кое е лицето кое на трипати му давало на Бошкоски пари и дали полицијата имала основ за спроведување на законски одредби кои во мигот на нејзиното дејствување не постоеле во Кривичниот закон, потсетува Глобус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG