Достапни линкови

Македонија слави


Во Македонија прослава по повод Денот на независноста. Во Музејот на македонска борба положување на Декларацијата за независност, воена парада, детско дефиле...

Декларацијата за независноста на Македонија спакувана во специјално ковчеже патува кон Музејот на македонската борба. Декларацијата во рацете на Гардата ја предаде претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. На отварањето на прославата на две децении од референдумот за независност, Веланоски изјави.

„Во името на идните генерации и аманетот кој ни го оставија сите оние кои што ги дадоа животите за денешна Македонија, да ја направиме нашата библиска земја уште подостојна за нејзините жртви, уште повековите од нивните надежи и уште поубава од нивните соништа.“

Од Собранието припадниците на АРМ и на МВР се упатија кон портата Македонија. Воената поворка ја предводи знаменосниот вод на Гардата на АРМ. Ова е прва воена парада на македонската армија.

Пред малку Калиопи и детскиот хор „Златно славејче“ ја испеаја роденденската песна специјално компонирана за овој настан. Први низ портата која се уште не е довршена во целост поминаа 1000 деца, кои треба да ја симболизираат иднината на Македонија.

Прослава ден на независност
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:27 0:00
Директен линк


Луѓето слават цел ден. Од кафанчињата се слушаа распеани гласови кои пеат „Едно име имаме“, од други звуци на труби и тапани. Плоштадот
Во името на идните генерации и аманетот кој ни го оставија сите оние кои што ги дадоа животите за денешна Македонија, да ја направиме нашата библиска земја уште подостојна.
Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на РМ.
Македонија цел ден е исполнет со народ, прво љубопитните граѓани следеа како напладне се тргаат тарабите околу споменикот Воин на коњ, а потоа на видео бимови го следеа натрпеварот во кошарка на македонската репрезентација со Грузија. Победата на кошаркарите им даде уште еден повод за прослава.

Откако декларацијата ќе биде предадена на претседателот Ѓорге Иванов, свечената поворка ќе заврши на плоштадот каде пред 20 години се прослави прогласувањето независна и самостојна држава.

Вечерва ќе биде пуштена во употреба фонтаната и споменикот Вон на коњ, а по обрќањето на премиерот Никола Груевски, прославата ќе финишира со музичка програма. Како дел од денешната прослава е и театарскиот перформанс Непокор, односно актерите ќе престават различни секвенци од историјата на Македонија пред секој споменик на плоштадот.



Двете децении самостојност се одбележуваат под мотото „20 години државност - 20 години независна Македонија - заедно под едно сонце“. Но, сепак политичарите од власта и опозицијата не ги надминаа разликите и прославата ќе остане покуса за преставниците од опозицијата. По вчерашната средба во Владата на сите поранешни премиери, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски го најавија своето отсуство. Тие ја посочија власта како виновник за нивното недоаѓање.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG