Ѕвездите од фестивалот Златно славејче кои годинава ја одбележуваат 40-годишнината од постоењето на манифестацијата, детската претстава Зоки-Поки, концерт на македонските идоли со групата на Тоше Проески, настапи на културно уметнички друштва, ликовни изложби и концерти
на врвни уметници како што е водечкиот светски перкусионист Оскар Салас... се само дел од оние што ќе настапат во рамките на 17-те предвидени програми на четвртото издание на Карпошово лето 2011, манифестацијата што на неколку локации во општината ќе се одржи од 21 август до 18 септември. За реализацијата на ова случување годинава се издвоени 40 илјади евра од локалната самоуправа, а за неговиот раст и за анимирањето на граѓаните градоначалникот Стевче Јакимовски знае да забележи:
„Ова наше Карпошово културно лето од година во година станува се поквалитетно и тоа е нашата цел, квалитетот секако дека мора да го следи и соодветна буџетска поддршка, оваа година имаме 48 илјади евра за Културното лето кое полека станува бренд не само во градот, туку и во Македонија, па и пошироко.“
Од понудената програма, посебно за одбележување се Изложбата на акварели од 47 ликовни уметници кои ќе бидат претставени со по едно дело од учеството на конкурсот што го распиша општината на 27 август, потоа гостувањето на актерите од Прилепскиот народен театар со претставата Мангите пијат чај од Драгослав Михајовиќ во режија на Коле Ангеловски еден ден подоцна и концертот на македонскиот гитаристички виртуоз и почесен граѓанин на Карпош Влатко Стефановски кој со своите одбрани гости ќе настапи на затворањето на манифестацијата.
„Драго ми е што покрај толку многу патувања можам и дома да настапам, значи во својата општина посебно ако настапам во дворот на училиштето „Карпош“ каде што учев прво одделение и каде што многу играв кога бев мал. Ќе ми биде задоволство доколку имаме убаво време да направам еден убав концерт. Сега за сега имам потврда од еден од моите соработници и пријатели клавијатуристот Васил Хаџиманов, а работам на случајот да поканам и други интересни музичари, гости за да направам еден атипичен концерт. Обично патувам со своето трио, но овој пат ќе се обидам сцената да биде побогата од вообачено.“
Кон ова само уште информацијата дека влезот за сите програмски содржини е слободен.
Ова наше Карпошово културно лето од година во година станува се поквалитетно и тоа е нашата цел, квалитетот секако дека мора да го следи и соодветна буџетска поддршка, оваа година имаме 48 илјади евра за Културното лето.
на врвни уметници како што е водечкиот светски перкусионист Оскар Салас... се само дел од оние што ќе настапат во рамките на 17-те предвидени програми на четвртото издание на Карпошово лето 2011, манифестацијата што на неколку локации во општината ќе се одржи од 21 август до 18 септември. За реализацијата на ова случување годинава се издвоени 40 илјади евра од локалната самоуправа, а за неговиот раст и за анимирањето на граѓаните градоначалникот Стевче Јакимовски знае да забележи:
„Ова наше Карпошово културно лето од година во година станува се поквалитетно и тоа е нашата цел, квалитетот секако дека мора да го следи и соодветна буџетска поддршка, оваа година имаме 48 илјади евра за Културното лето кое полека станува бренд не само во градот, туку и во Македонија, па и пошироко.“
Од понудената програма, посебно за одбележување се Изложбата на акварели од 47 ликовни уметници кои ќе бидат претставени со по едно дело од учеството на конкурсот што го распиша општината на 27 август, потоа гостувањето на актерите од Прилепскиот народен театар со претставата Мангите пијат чај од Драгослав Михајовиќ во режија на Коле Ангеловски еден ден подоцна и концертот на македонскиот гитаристички виртуоз и почесен граѓанин на Карпош Влатко Стефановски кој со своите одбрани гости ќе настапи на затворањето на манифестацијата.
Драго ми е што покрај толку многу патувања можам и дома да настапам, значи во својата општина.