Достапни линкови

Со кинезитерапија до подобро здравје


Анита Јовановска, еден од ретките кинези-терапевти во Куманово.
Анита Јовановска, еден од ретките кинези-терапевти во Куманово.

Болки во зглобовите, коските, мускулите, кардиоваскуларни и респираторни проблеми, се дел од болестите на современиот човек кај кои позитивно влијаат третмани со кинезитерапијата.

Болки во зглобовите, коските, мускулите, кардиоваскуларни и респраторни проблеми се само дел од болестите со кои се соочува современиот човек. Најголемо негативно влијание е недоволната физичка активност и стресните состојби кои ги предизвикуваат болките во
Тоа е релативно нова медицинска гранка, која е проширена во Европа. Во Македонија е уште нова, дури ја нема ниту во образованието. Во Бугарија е многу актуелна. Застапена е во рехабилитационите центри, во болниците за пред и пост оперативна грижа, во спа и фитнес центри. Тоа значи терапија преку движење, нема уреди со струја, само човекот и кинезитерапевтот.

локомоторниот систем. Освен физикалната терапија која лекарите ја препорачуваат. Кумановци ниту знаат што е кинези терапија, ниту пак тоа сакаат да си го признаат.

Анита Јовановска (24) е една од ретките кинезотерапевти во Куманово, која високото образование го завршила во соседната Бугарија. За кинезитерапијата Јовановска со објаснување:

„Тоа е релативно нова медицинска гранка, која е проширена во Европа. Во Македонија е уште нова, дури ја нема ниту во образованието. Во Бугарија е многу актуелна. Застапена е во рехабилитационите центри, во болниците за пред и пост оперативна грижа, во спа и фитнес центри. Тоа значи терапија преку движење, нема уреди со струја, само човекот и кинезитерапевтот, со вежби, со движење, се подобрува здравјето и се лекуваат многу болести.“

Јовановска вели дека кинезитерапијата е многу полезна и кај здравиот и кај болниот човек.

„Кинезитерапијата помага во превенција на многу болести за да не дојде до компликации. Ако се вежба умерено со укажување од стручно лице може да се спречат болестите.“

РСЕ: Од што најмногу страда современиот човек?

„Современиот човек страда од болки во рбетот, од многу седење и неправилно движење, а сите болести тргнуваат од рбетот. Препорачлива е за секоја возраст, од бебиња до староста и најубаво е секојдневно да се вежба.“

РСЕ: Може ли сам човекот дома да ги применува вежбите?

Кумановци не се многу запознаени со кинезитерапијата

„Може сам, секако, само редовно да вежба. Со специјалистот се вежба за да ги научи вежбите и правилно да ги применува.“

Јовановска вели дека за кинезитерапија не треба многу време:

„Најубаво е утринска гимнастика и тоа 15 минути по станување за да се доведе организмот во подготвеност да ги исполни своите работни задачи. А може и до еден час доколку сака да постигне подобри ефекти за одржување на своето тело.“

Доаѓаат ли кумановци дабараат помош од кинези терапија?


„Малку им е чудно. Мислат дека е тоа некоја кинеска медицина, но има и такви кои се добро запознаени и знаат што бараат. Сепак најчесто доаѓаат со проблеми.“

Запрашани дали знаат што е кинезитерапија кумановци со реакции:
Најубаво е утринска гимнастика и тоа 15 минути по станување за да се доведе организмот во подготвеност да ги исполни своите работни задачи.

„Не знам ништо конкретно за кинези терапија, само сум чула.“

„Кинези терапија!? Појма немам. “

РСЕ: На што ве асоцира?

„Некоја кинеска терапија, појма немам.“

Јовановска работи и со мигун креветот за што вели дека со него се отстрануваат сите болки и дисфункции на рбетниот столб.

„Од кинеската и алтернативната медицина сите принципи и ефекти се застапени во него и го подобрува здравјето на човекот. И кинези терапијата и мигун креветот се за подобрување на здравјето на луѓето. Заедно до подобри резултати.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG