Оваа оценка ја изнесуваат претставниците на Регионалниот Центар за дијабет со седиште во Дебар, според кои со отварањето на овој центар се создаваат поголеми можности за рано откривање на дијабетот.
Според одговорниот лекар на Центарот, интернистот Аџи Куртовски до сега во наведените три општини од најзападниот регион во Македонија се регистрирани над 1700 болни со дијабет, а оваа бројка на болни до пред две години била околу 1000.
„Имаме рапиден пораст на болните од дијабет и тие се третираат како соинсулинска така и со орална терапија со таблети. Вкупниот број на болни од дијабет е над 1700 од кои 1200 се на таблети додека над 420 со инсулинска терапија“, вели Куртовски.
Но, според него, бројот на болните од дијабет сигурно е многу поголем.
„Сметам дека бројот на болните од дијабет е многу поголем во споредба со оној кој е евидентиран. Имено, се оценува дека таа бројка е поголема за 60 насто од наведената бројка.“
Кога зборуваме за дијабетот, клучен проблем во регионот е едукацијата на населението. Болните од дијабет во овој регион од земјава дијабетот го откриваат во подоцнежните фази, а не на почетната фаза, кога има можности за поголема контрола на болеста.
„Едукативните програми на населението се неопходни поради што и тие се планираат како такви во иднина. Едукацијата е потреба, особено за ризичните групи и болните од дијабет. Предавањата ќе бидат во насока на помагање на лекувањето на болните, но и превентивната заштита“, вели Куртовски.
Во последно време, покрај овој Центар нагласени активности во насока на едукација на населението има и здружението на дијабетичарите од Дебар кое постои над 10 години. Минатата година тоа здружение организираше повеќе предавања и дебати токму околу дијабетот.
Според одговорниот лекар на Центарот, интернистот Аџи Куртовски до сега во наведените три општини од најзападниот регион во Македонија се регистрирани над 1700 болни со дијабет, а оваа бројка на болни до пред две години била околу 1000.
„Имаме рапиден пораст на болните од дијабет и тие се третираат како со
Сметам дека бројот на болните од дијабет е многу поголем во споредба со оној кој е евидентиран. Имено, се оценува дека таа бројка е поголема за 60 насто од наведената бројка.