Достапни линкови

Обама - Не ни требаат рејтинг агенции


Претседателот Барак Обама говори во Белата куќа, 08.08.2011.
Претседателот Барак Обама говори во Белата куќа, 08.08.2011.

Берзите во светот и денеска бележат големи падови откако во петокот на Соединетите Држави им беше намален највисокиот кредитен рејтинг. Светските лидери засега немоќни да влијаат за нивно стабилизирање. Претседателот Барак Обама и со минимизирање на одлуката за намалување на рејтингот, додавајќи дека Соединетите Држави знаат како да ги решат проблемите.

Неколку часа по отворањето на берзите во Њујорк и по забележаните големи падови на вредноста на акциите, американскиот претседател Барак Обама за прв пат јавно ги изнесе неговите оценки за намалениот кредитен рејтинг на земјата.

„Берзите ќе растат и ќе паѓаат, но ова се Соединетите Американски Држави. Без оглед што велат некои агенции, нашата земја секогаш ја заслужуваше и се уште ја заслужува највисоката оценка“, изјави Обама.

Тој сепак, додаде дека намалувањето на рејтингот треба да им покаже на лидерите во земјата да демонстрираат поголемо заедништво и компромис во справувањето со огромниот јавен дефицит.


„Фактот е дека не ни треба рејтинг агенција да ни каже оти ни е неопходен балансиран, долгорочен пристап за намалување на дефицитот. Тоа беше вистина во минатата недела, тоа беше вистина лани, тоа беше вистина на денот кога ја презедов функцијата. И не ни треба рејтинг агенција да ни каже дека метежот во Вашингтон во изминативе месеци не беше конструктивен.“

Претседателот Обама изрази надеж дека одлуката на Стандард и Пурс ќа му даде на Конгресот обновено чувство на итност во решавањето на
Берзите ќе растат и ќе паѓаат, но ова се Соединетите Американски Држави. Без оглед што велат некои агенции, нашата земја секогаш ја заслужуваше и се уште ја заслужува највисоката оценка.
должничката криза, како и храброст да се донесат тешки политички одлуки за реформа на даноците и на социјалните програми.

„Проблемот не е во недостигот на планови или политики. Проблемот е во недостигот на политичка волја во Вашингтон. Проблемот е во инсистирањето на цртање линии на песок и одбивањето да се гледа надвор од личните и партиските интереси. И тоа е неопходно да се менува“, наведе Обама.

Тој ја повика републиканската опозиција да прифати воведување поголеми даноци за најбогатите Американци и најави нови препораки за намалување на дефицитот во наредните недели.


Според Обама, решението на проблемот е комбинација на зголемени даноци за богатите и намалување на трошоците за некои социјални програми.

Но, само неколку минути по неговиот говор, лидерот на републиканското малцинство во Сенаторот Мич Меконел изјави дека не се согласува со повикот на Обама за зголемување на даноците на американските семејства кои, како што изјави, создаваат работни места.

Во Соединетите Држави деновиве се интензивираат критиките во врска со тоа како Обама се обидува да се справи со кризата. Весникот Њујорк Тајмс пишува:

„Министерството за финансии може да вика дека е грешка колку што сака, но одлуката на Стандард и Пурс за намалување на рејтингот и паѓањето на берзите се сериозни симптоми на губење доверба, а таа во основа е политичка, а не економска оценка. Наместо да ги осуди луѓето чија негрижа ја уништија економијата, претседателот Обама им го препушти воланот“, се наведува во коментарите објавени во Њујорк тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG