Достапни линкови

Жирантски мрежи во Битола


И покрај горкото искуство со штедилницата ТАТ, не е мал бројот на битолчани кои наседнаа на нови фиансиски трикови и како жиранти плаќаат туѓи кредити.

Вакви случаи имаше во две државни институции каде директорите ги наговорија вработените да им се пишат за жиранти, па потоа ги плаќаа нивните кредити. Ваквата појава не е ретка ни во приватните фирми каде едни колеги гарантирале за други, а некои друи и ја напуштиле работата, па сега банките на врат им дишат на жирнатите.

„На колега му се потпишавме тројца жиранти бидејќи беше во криза, зеде кредит, но не го исплаќаше и не заглави сите тројца да плаќаме место него. Со дел од парите замина на одмор на Јадранско море и не се врати
На колега му се потпишавме тројца жиранти бидејќи беше во криза, зеде кредит, но не го исплаќаше и не заглави сите тројца да плаќаме место него. Со дел од парите замина на одмор на Јадранско Море и не се врати на работа. Во меѓувреме ја продаде куќата во градот, а банката не можеше да ја најде неговата нова адреса
на работа. Во меѓувреме ја продаде куќата во градот, а банката не можеше да ја најде неговата нова адреса и да стапи во контакт со лицето, ние сите тројца го исплативме кредитот.“

„Жена ми и се пиша жирант на колешка од работа, која и беше другарка од младоста. Таа сега не плаќа, во таква ситуација е и за нас е проблем секој ден ни чукаат од банката на врата, по телефон се јавуваат, писма ни праќаат. Нема каде ќе мора да го платиме ние кредитот место неа или да ја тужиме, но прашање е кога ќе си ги повратиме парите“, ги раскажуваат своите искуства двајца оштетени битолчани.

Од банките велат дека кога лицето што го подигнало кредот не ги плаќа ратите тогаш или ги тужат жирантите или ја активираат административната забрана и им задржуваат една третина од платата. Битолски банкари објаснуваат дека вакви ситуации настануваат зашто во некои филијали има полабави услови да се добијат кредити, не се испитува доследно кредитоспособноста на барателот ако донесе жиранти. Има примери кога лица со плата нешто над сто евра подигнале кредити од две и повеќе илјади евра. Во вакви случаи најчесто кредитите ги враќаат жирантите. Адвокатските канцеларии и судовите во последно време се преплавени со тужби за неисплатени кредити, а жирантите во повеќето случаи ги губат споровите зашто добоволно се потпишале како гарантни лица.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG