Достапни линкови

Масакр во Норвешка


Над 90 жртви во нападите во Норвешка
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:32 0:00

Вооружен напаѓач пукаше во млади собрани во камп на еден остров во близина на Осло. Претходно во центарот на градот експлодира бомба.

92 жртви во двата напади во Норвешка. Вооружен напаѓач пукаше во млади, само неколку часа по експлозијата на бомба во центарот на Осло.

Најмалку 85 луѓе, претежно млади, биле убиени на островот Утоја, во близина на Осло, кога вооружен напаѓач отворил оган врз младите кои биле во еден камп. Претходно. во центарот на Осло експлодира бомба при што загинаа 7 луѓе, а беше причинета и голема материјална штета.

Норвешката полиција задржала еден 32-годишник во врска со нападот. На неговиот домашен компјутер пронашле линкови кои укажуваат дека е „христијански фундаменталист“ со десничарска наклонетост. Медиумите веќе објавија дека станува збор за Андерс Бехринг Бреивик, но полицијата одби да го потврди неговиот идентитет.

Полицијата истражува дали во нападите учествувал уште еден човек. Норвешката државна новинска агенција јавува дека во вториот напад учествувале двајца луѓе.

Осомничениот напаѓач, Андерс Бехринг Бреивик.

Премиерот на Норвешка, Јенс Столтенберг, изјави дека соработуваат со странски разузнавачки агенции за да се види дали постои меѓународна инволвираност во вчерашните напади во кои загина 91 човек. Тој изјави дека истрагата е во тек.

Премиерот и членовите на кралското семејство денеска имаат средби со семејствата на жртвите и со преживеаните.

Медиумите наведуваат дека осомничениот 32-годишен маж пред неколку месеци купил 6 тони вештачко ѓубриво, од кое може да се направи експлозив.

Утоја - остров на смртта

Стотици млади се наоѓале во кампот организиран од владејачката Лабуристичка партија на малиот остров Утоја на 40 километри од Осло. Според очевидци, маж облечен во полициска униформа, ги собрал младите со изговор дека врши истрага за бомбата во Осло, кога отворил оган врз присутните, по што настанала паника.



Многумина се обиделе да побегнат пливајќи, но напаѓачот пукал и во нив, па се стравува дека бројот на жртвите можеби не е конечен.

Премиерот Столтенберг го посети островот денеска изутрина. Тој изјави дека овие ужасни напади нема да ја уништат Норвешка и нејзината демократија. Ние сме мала, но горда нација, изјави премиерот.

Во центарот на Осло се санираат последиците од големата експлозија вчера попладне, во која загинаа 7 лица, а околу 90 беа повредени. Бомбата експлодира пред зградата на норвешката влада, а беа оштетени и околните згради. Спасувачкте екипи се обидуваат да го расчистат теренот. Се стравува дека под урнатитните има загинати, но зградите се настабилни, и не може да се пребараат.

Соединетите Држави, Русија, Европската Унија, НАТО и други земји и изразија сочувство на Норвешка и ги осудија овие напади, оценувајќи ги како ужасни и кукавички акти на неоправдано насилство.
XS
SM
MD
LG