Достапни линкови

По нападот во Москва - жал, осуда и решеност


Во Москва е зајакната безбедноста по вчерашниот напад на аеродоромот Домодедово за кој се верува дека го извршил бомбаш-самоубиец. Во нападот загинаа најмалку 35 луѓе, додека над 150 се ранети. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Меѓународната заедница вџашена и изразува решеност во борбата против тероризмот.

Претседателот на Русија Дмитриј Медведев изјави дека станува збор за терористички напад и вети дека ќе бидат пројадени одговорните.

„Она што се случи покажува дека биле нарушени безбедносните мерки. Пренесување на такво количество експлозив бара голем напор. Затоа сите кои работат на аеродромот се одговорни.“

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун рече дека бил вџашен од ваквиот тажен и неоправдан акт на насилство врз невини луѓе.


Американскиот претседател Барак Обама го осуди, како што оцени, ваквиот срамен акт на тероризам и понуди американска асистенција. Тоа го
Пренесување на такво количество експлозив бара голем напор. Затоа сите кои работат на аеродромот се одговорни.
повтори и државниот секретар Хилари Клинтон.

„Сакам да изразам голема осуда за терористичкиот напад на мосоковскиот аеродром. Ние сме заедно со народот на Русија во овој момент на тага и нудиме многу силна солидарност во борбата и елиминирањето на меѓународниот тероризам.

Европскиот комесар за човекови права Томас Хамарберг рече дека Европскиот совет е крајно шокиран од, како што го оцени, грозоморното злосторство.

„Вакви видови злосторства мора да запрат, бидејќи го уништуваат општеството и ги уништуваат вредностите кои се обидуваме да ги браниме. Тие земаат животи на невини луѓе и тоа никогаш нема да биде прифатено во демократските општества.“

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, иако сомневањата се фокусирани врз милитанти од јужниот руски регион Северен Кавказ.

Аналитичарите велат дека тамошните бунтовници веќе планирале да го интензивираат насилството во пресрет на претседателските избори во
Вакви видови злосторства мора да запрат, бидејќи го уништуваат општеството и ги уништуваат вредностите кои се обидуваме да ги браниме.
Русија во 2012 година.

Руските новински агенции, цитирајќи полициски извори, објавија дека полицијата однапред примила предупредување за можен терористички напад и оти агентите биле во потрага по тројца осомничени.

Има и наводи дека бомбашот самоубиец влегол во аеродромот во делот каде што немало детектори за метал.

Последниот терористички напад во Москва се случи лани во март кога две жени самобијци од Дагестан во московското метро активираа експлозив при што загинаа 40 луѓе.

Сцени по теророт на Домодедово
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:24 0:00
Директен линк


Најновиот напад покрена низа прашања за компетентноста на руските безбедносни сили. Рускиот аналитичар Сергеј Гончаров, инаку советски ветеран вели:

„Ако самоубиец може да внесе 5 килограми експлозив во Домодедово и покрај сите контроли тогаш мора уште еднаш да се каже дека нашите безбедносни органи не можат да им осигураат безбедност на граѓаните.“

Нападот, според многумина посматрачи, ги уназади и руските напори да го поправи нејзиниот имиџ на светската сцена во моментот кога се подготвува да биде домаќин на Зимските олимпски игри во 2014 и на Светското фудбалско првенство во 2018 година.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG