Достапни линкови

Помош за старите од дебарскиот регион


Дебар - младите на печалба, а старите ги чуваат родните огништа
Дебар - младите на печалба, а старите ги чуваат родните огништа

Лекови, здравствени услуги, нега, ќе им биде пружена на старите лица во општините Дебар и Центар Жупа чии деца се на печалба низ европските земји и САД.

Во општините Дебар и Центар Жупа добар дел од населението, а особено младите се на печалба, како во западноевропските земји така и во САД. Од ден на ден се зголемува бројот на старите лица кои своето трето доба го минуваат осамени во своиете домови. Грижата за нив е повремена од страна на поблиски роднини.
Општинаската организација на Црвениот Крст, во соработка со здружението на пензионерите на Дебар и Центар Жупа, сметаат дека со проектот ќе се подобри нивната состојба преку давање на лекови, здравствени услуги со посебни екипи на лекари.

Со цел да се помогне на оваа категорија на лица, општинската организација на Црвениот Крст во соработка со здружението на пензионерите на општините Дебар и Центар Жупа стартува проект со кој се очекува да се подобри положбата на старите изнемоштени лица кои живеат сами во своите домови.

„Имајќи предвид дека има голема миграција и печалбарење на населението во општините Дебар и Центар Жупа, особено во западноевропските држави, општинската организација на Црвениот Крст, во соработка со здружението на пензионерите на Дебар и Центар Жупа, сметаат дека со проектот ќе се подобри нивната состојба преку давање на лекови, здравствени услуги со посебни екипи на лекари како и давање на грант онаму каде што има потреба. Предвидуваме посетата на лекарите два пати неделно или пак во одредени случаи и по потреба“, вели секретарот на организацијата на Црвениот крст во Дебар, Исни Теќиу.

Поглед кон општина Центар Жупа

Тој додава дека треба да се добие и согласност од нивните деца кои се во странство со цел таа помош да биде институционална.

„Ние подготвуваме формулари кои ќе бидат доставени до децата на старците кои треба да потврдат нивна согласност за нашите активности.“

Како за здружението на пензионерите, така и за Црвениот крст во Дебар, решавањето на проблемот треба да се гледа на крајот кон основањето на Дом за старци или, пак, Дневен центар за стари лица.
Треба едно долгорочно решение со основање на инстиуции за оваа категорија на стари лица, а тоа е Дом за стари лица или пак Дневен центар.

„Сметаме дека сепак треба едно долгорочно решение со основање на инстиуции за оваа категорија на стари лица, а тоа е Дом за стари лица или пак Дневен центар“, вели Телќиу.

Неофицијално, во двете општини од најзападниот регион на Македонија околу 100 стари лица живеат осамени во нивните домови, но сепак се очекува точната нивна бројка да ја утврди наведениот проект.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG