Достапни линкови

Хамлет го освои „Војдан Чернодрински“


Претставата „Хамлет“ освои четири награди на штотуку завршениот 46-ти фестивал на македонскиот театар Војдан Чернодрински во Прилеп. Режисерот Дејан Пројковски го освои признанието за најдобар режисер.

Третата поставка на шекспировиот Хамлет во Драмски театар во Скопје го продолжува својот успешен поход на фестивалите. По успешните изведби во Англија, Србија и во Бугарија, претставата се закити со Гран при на 46-от фестивал на македонскиот театар Војдан Чернодрински, Дејан Лилиќ е најдобар актер, Владо Ѓорески освои награда за дизајн, а Дејан Пројковски е прогласен за најдобар режисер. Тој, откако ќе забележи дека е многу задоволен од тоа што и во Прилеп бил препознаен квалитетот на она тие како колективен чин го потпишале, вели:
Хамлет е претстава која се занимава со главната дилема или главното прашање „Да се биде или да се биде“. Тоа е промената на вечната хамлетовска дилема „Да се биде или не“ во „Да се биде или да се биде“ како единствен можен одговор на херојот денес кој е секој обичен човек.

„Хамлет е претстава која се занимава со главната дилема или главното прашање „Да се биде или да се биде“. Тоа е промената на вечната Хамлетовска дилема „Да се биде или не“ во „Да се биде или да се биде“ како единствен можен одговор на херојот денес кој е секој обичен човек, кој го сретнуваме на улиците. Сметам дека нашиот Хамлет мораше да ја носи пораката дека секој треба да го земе, ако така можам да кажам, својот „крст“ и да го изоди својот пат, бидејќи изминатите 20 години на Балканот зборувајќи за транзицијата како некаков минлив период влеговме во еден општествен систем и започнавме да зборуваме за некои работи кои што треба да се случат таму некаде или работи што допрва треба да се случат, притоа заборавајќи на секојдневието.“

Режисерот Дејан Пројковски

Но, наспроти ова, она што Пројковски го издвојува како успех е тоа што практично цела сезона се бара карта повеќе за да се погледне оваа претстава.

„Цела сезона се радуваме на преполни сали, на еден голем број на млади луѓе коишто доаѓаат и се идентификуваат со нашиот Хамлет.“

Во периодов што претстои Хамлет ќе биде прикажан и на летните сцени во Хрватска и во неколку други држави од регионов, а интересно е и тоа што
Цела сезона се радуваме на преполни сали, на еден голем број на млади луѓе коишто доаѓаат и се идентификуваат со нашиот Хамлет
Дејан Пројковски, кој во моментов е уметнички директор на МНТ, и следниот свој проект ќе го работи на сцената на Драмски театар безмалку со истата екипа со која ја стори својата трета режија во оваа наша театарска куќа.

„Мојот следен проект повторно ќе биде во Драмскиот театар во септември, најновиот драмски текст на Венко Андоновски што е една модерна, современа драма која што зборува за моралната пропаст на едно богато македонско семејство. Претстава во која што мислам дека повторно ќе ги бараме актуелностите и модерните контексти на секојдневието.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG