Достапни линкови

Очекувања од новата влада


Куманово
Куманово

Граѓаните на Куманово не се многу оптимисти дека новата влада ќе донесе големи промени.

Изборите завршија, а Куманово доби четворица пратеници, од кои тројца од македонскиот политички блок и еден од албанскиот. И додека поупатените или, пак, позаинтересираните за политичката состојба во државава, од оваа локална самоуправа реагираат дека градот е маргинализиран од централите, другите велат дека во текот на кампањата сите се согласувале дека многу се „плука“, а сепак најкултурните не добиле ниту еден пратеник. Поголемиот дел од граѓаните кои не се интересираат за политиката, но живо се заинтересирани за економијата и егзистенцијата, не гледаат многу оптимистички кон новата влада. Запрашаните кумановци или ги избегнуваат одговорите, или одговараат кратко брзајќи некаде, или пак се песимисти.

„Ќе си биде исто, што ќе очекувам!“

Ќе биде ли подобро?

„Иста ситуација, може и полошо да биде. Песимистички гледам. Ништо не функционира во оваа држава.“

„Не.“

„ Исто како и порано“.

„Ништо не очекувам. Како што си беше така ќе си остане. Ние 20 години очекуваме нешто, и се оди на полошто,ништо на подбро.“

За среќа има и оптимисти, или барем така велат, бидејќи оптимизмот не го поткрепуваат со нешто конкретно.

„Се надеваме. Надежта постои.“

„Зависи. Не знам“.

„Рано е уште. Да има работа, да се направи нешто. Оптимист сум дека ќе биде подобро.“

„Се надевам на поубаво. Во секоја смисла. Верувам во нашиот градоначалник. И изборите ќе донесат нешто, верувам во централната власт“, велат кумановци.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG