Матуранти од Кочани се поделиле на политичка основа, па славеле во различни локали. Неколку граѓани се пожалија дека членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ агитирале во дворот на црквата Св. Ѓорѓија во Чаир и ја користат црквата како изборен штаб. Од штабот на „Достоинство“ во Штип доаѓаат информации дека висок владин
функционер од Пробиштип врши притисок врз војниците да гласаат за ВМРО -ДПМНЕ. Активисти на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се степаа во Кичево. Тепачка меѓу активистите на партиите на Ромите, ПЦЕР и Сојуз на Ромите во Македонија во Шуто Оризари.
Ова се извадоци од дневникот на невладината организација Цивил која ја спроведува кампањата „Избори без насилство“. Претседателот на организацијата Џабир Дерала вели дека состојбата на терен не е загрижувачка, не се регистрирани посериозни инциденти кои вклучуваат насилство, но не е секаде сосема мирно.
„Иако, можеме да констатирме дека регистирани се и случаи на пукање на митинзи и од автобуси во движење, таков еден инцидент е регистриран од нашите набљудувачи на денот кога ДУИ имаше митинг, исто така има регистирано и низа други случаи на пукање во воздух.“
Во нивните извештаи се забележани низа на помали нарушувања кои вклучуваат различни форми на насилство, пред се кршење на изборни штабови, уништување на пропаганден материјал и вербални закани. Дерала додава дека на терен е забележан и позитивен пример.
„Иницијативата која дојде од липковскиот и кумановскиот крај, каде различни политички партии, односно изборни штабови, пред се на ДУИ и на ДПА и партијата на Руфи Османи, играа фудбалски мечеви што е одлична иницијатива.“
Програмскиот менаџер во Институтот за парламентарна демократија Димитар Спасеновски вели дека споредено со претходните избори од 2008 и 2009-та година станува збор за мирна атмосфера.
„Да, и ние ги добиваме информациите за пооделни инциденти, меѓутоа генерално нашиот впечаток е дека сме во една невообичаено за наши прилики, мирна кампања. Секако со наближување на денот на изборите може да се очекува делимично зголемување на тензиите, но од она што сега го имаме на терен не очекуваме поголеми нарушувања на изборниот процес.“
„Цивил“ предупредува дека политичките партии треба да ја имаат предвид сериозноста и на чуствителност на перидот кој следува, особено на денот на изборите, како и во периодот по затворањето на галсачките кутии. Организацијата апелира до граѓаните и политичките партии да покажат политичка зрелост и мудрост, да не потклекнуваат на провокации, како и да не излегуваат на предвремени прослави на начин на кој може да го нарушат јавниот ред и мир, а со тоа серизоно да го нарушат изборниот процес.

Можеме да констатирме дека регистирани се и случаи на пукање на митинзи и од автобуси во движење, таков еден инцидент е регистриран од нашите набљудувачи на денот кога ДУИ имаше митинг.
„Иако, можеме да констатирме дека регистирани се и случаи на пукање на митинзи и од автобуси во движење, таков еден инцидент е регистриран од нашите набљудувачи на денот кога ДУИ имаше митинг, исто така има регистирано и низа други случаи на пукање во воздух.“
Во нивните извештаи се забележани низа на помали нарушувања кои вклучуваат различни форми на насилство, пред се кршење на изборни штабови, уништување на пропаганден материјал и вербални закани. Дерала додава дека на терен е забележан и позитивен пример.
„Иницијативата која дојде од липковскиот и кумановскиот крај, каде различни политички партии, односно изборни штабови, пред се на ДУИ и на ДПА и партијата на Руфи Османи, играа фудбалски мечеви што е одлична иницијатива.“
Програмскиот менаџер во Институтот за парламентарна демократија Димитар Спасеновски вели дека споредено со претходните избори од 2008 и 2009-та година станува збор за мирна атмосфера.
Да, и ние ги добиваме информациите за пооделни инциденти, меѓутоа генерално нашиот впечаток е дека сме во една невообичаено за наши прилики, мирна кампања.