Достапни линкови

Вистиномер и Гласомер за отчетноста на партиите


Чии ветувања ќе се мерат со Вистиномер и Гласомер?
Чии ветувања ќе се мерат со Вистиномер и Гласомер?
Со Вистиномер и Гласомер ќе се мери отчетноста на партиите. Фондацијата за одржливи информатички решенија „Метаморфозис“ ги промовираше овие алатки кои ќе помогнат да се види до каде се ветувањата на партиите.

Вистиномерот ќе овоможи приказ на ветувањата кои ги дале политичките партии и до кој степен се исполнети, и дали се исполнети во ветениот рок. Гласомерот, пак, ќе овозможи граѓаните да ги споредат своите ставови со оние на политичките партии кои ги дале претходно преку пополнување прашалник или ги кажале јавно.

Филип Стојановски од Метаморфозис вели дека сега ги следат ветувањата од претходните избори, но дека ќе бидат следени и ветувањата на оние кои ќе ја освојат власта на престојните избори, како и ветувањата од нивна надлежност на претставниците во јавни институции кои ќе ги даваат секојдневно. Идејата на Метаморфозис била да се прикажат ветувањата на партиите на што е можно поедноставен начин.
XS
SM
MD
LG