Достапни линкови

Прилепскиот Основен суд, најефикасен


Прилепскиот Основен суд
Прилепскиот Основен суд

Прилепскиот Основен суд е најефикасен и најажурен на подрачјето на битолскиот Апелациски суд.

Оваа оценка на Врховниот суд, како највисока судска инстанца во државава која ја контролира работата на судовите, стои во извештајот за минатата година. Прилепскиот суд, кој што спроведува нов концепт на работа, лани успеал да ги реши сите примени над 34.000 предмети, а донесени се пресуди и за над 5 илјади други од вкупно 42.300 предмети, кои стоеле како баласт на оваа институција од минатите години.
Ефикасната работа на судот најмногу е резултат на успешната
Имаме најмал број на стари предмети на подрачјето на Апелационен суд-Битола, што значи дека успешно сме го надминале проблемот во решавањето на старите предмети и се надеваме дека оваа година уште
повеќе ќе се намали тој број.

имплементација на новата комјутерска програма „акмис“, со која всушност се скенира целата работа на судот. Па во секој момент може да се добијат информации за секој предмет, откако е примен во судот, па се до донесување на конечна пресуда.

„Имаме најмал број на стари предмети на подрачјето на Апелационен суд-Битола, што значи дека успешно сме го надминале проблемот во решавањето на старите предмети и се надеваме дека оваа година уште
повеќе ќе се намали тој број. Тука работи Комисија за следење на старите нерешени предмети, која секој месец подготвува извештај кој предмет, од кои причини не е решен во тој месец и прави проекција за негово решвање. На тој начин ја намалуваме вкупната бројка на стари, нерешени предмети. Тоа, пак, повлекува перцепција на јавноста дека се работи, дека не стојат повеќе предмети со десетици години кои ја демотивираат желбата на луѓето да ја бараат правдата“, истакнува Јане Тренчески, претседател на Основниот суд.

Јане Тренчески, претседател на Основниот суд во Прилеп

Тој потенцира и дека судот е кадровски екипиран, работат доволен број судии, кои мошне ефикасно ја извршуваат својата обврска.

„Судиите се доволно компетентни, навремени и ефикасни, со зголемено темпо и динамика на работа го остваруваат овој резултат. Секој судија поединечно ја остварува нормата, која што секој месец ја презентира како слика за неговото месечно работење. Остварувајќи ја нормата, секој судија овозможува совладување на приливот на новите предмети, значи вкупната бројка на решени предмети во текот на извештајната година е резултат на
Судиите се доволно компетентни, навремени и ефикасни, со зголемено темпо и динамика на работа го остваруваат овој резултат. Секој судија поединечно ја остварува нормата, која што секој месец ја презентира како слика за неговото месечно работење
поединечното остварување на норма“, потенцира претседателот Тренчески.

Основниот суд веќе го реши просторниот проблем, располага со доволен број судници, што значи дека реформите во судот согласно со европските стандарди се целосно имплементирани.

Годинава е отворена и Канцеларија за односи со јавноста, па граѓаните сите забелешки и може да ги пријават секој работен ден. Воведен е и ден на средби со граѓаните. Тие лично реагираат кај претседателот на судот и најчесто бараат ажурирање на судските постапки.

Како што тврди претседателот Тренчески, со овој нов концепт на работа, не се дозволува никакво пролонгирање на судските процеси, причина поради која двајца судии од овој суд, го изгубија своето работно место.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG