Иако во изминатите три години меѓу коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и Демократската унија за интеграции имаше доста недоразбирања, сега пред новиот изборен циклус и двете страни тврдат дека имале коректна соработка и дека коалицијата никогаш не била во криза. Бурните реакции од ДУИ на одредени делови од македонската енциклопедија, за кои сметаа дека се спорни и ја навредуваат историјата на албанскиот народ, тензиите околу изградбата на црквата на Кале, несогласувањата на ДУИ околу изборот на новиот гувернер...беа само дел од кризните моменти во владината коалиција.
Но, дали коалицијата ќе се одржи и по 5 јуни? Еве што вели Гордана Јанкулоска, носител на листа на ВМРО-ДПМНЕ во вторатата изборна единица, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Зависно од изборните резултати понатаму следуваат разговорите, преговорите за коалиција.“
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вели дека премиерот Никола Груевски згрешил кога во 2006 година ја одбрал ДПА за коалиционен партнер. Во интервјуто за нашето радио кое ќе се емитува во сабота, Ахмети вели дека се надева оти таквите грешки нема да се повторуваат и дека тој ќе ја почитува волјата на македонските гласачи.
„Јас немам стратешки партнер. Не преферирам некого конкретно. Ќе ја почитувам волјата на мнозинството на македонскиот народ бидејќи ова е релноста во Македонија. Ние сме организирани политички по етничка основа и електоратот гласа по етничка линија и нам ни останува да ја испочитуваме волјата на македонскиот народ“, вели Ахмети.
Домашните експерти очекуваат идната коалициона влада да покаже поголема толеранција и политичка волја за надминување на новите предизвици. Професор Мирјана Малеска вели дека независно од тоа кој ќе ја формира идната влада, новите барања на албанските партии кои го надминуваат тоа што е договорено со Охридскиот рамковен договор можат да ја доведат во прашање стабилноста на идната влада.
„Еве да речеме да победи некоја партија со поголемо мнозинство и да нема потреба од коалиција јасно е дека мора да покани некоја од албанските партии да коалицира во владата и за да го оствари тоа коалициско партнерство ќе мора сериозно да размисли околу овие барања на сите албански партии.“
Аналитичарот Алберт Муслиу прогнозира дека во идната влада, балансот меѓу коалиционите партнери ќе биде поочигледен и дека односите меѓу партнерите ќе бидат попрецизни.
„Сигурно дека активности кои од едната страна сме ги гледале како провокативни нема да можат да се спроведуваат затоа што може коалицијата да се распадне.“
Време е, посочуваат експертите, да надвладее државничкото размислување кај политичарите, а не партиското. Рејтинзите велат тие се минливи одлуки, а храбрите одлуки се тие што граѓаните ги паметат.

Зависно од изборните резултати понатаму следуваат разговорите, преговорите за коалиција
„Јас немам стратешки партнер. Не преферирам некого конкретно. Ќе ја почитувам волјата на мнозинството на македонскиот народ бидејќи ова е релноста во Македонија. Ние сме организирани политички по етничка основа и електоратот гласа по етничка линија и нам ни останува да ја испочитуваме волјата на македонскиот народ“, вели Ахмети.
Домашните експерти очекуваат идната коалициона влада да покаже поголема толеранција и политичка волја за надминување на новите предизвици. Професор Мирјана Малеска вели дека независно од тоа кој ќе ја формира идната влада, новите барања на албанските партии кои го надминуваат тоа што е договорено со Охридскиот рамковен договор можат да ја доведат во прашање стабилноста на идната влада.
Јас немам стратешки партнер. Не преферирам некого конкретно. Ќе ја почитувам волјата на мнозинството на македонскиЌе от народ бидејќи ова е релноста во Македонија ние сме организирани политички по етничка основа и електоратот гласа по етничка линија и нам ни останува да ја испочитуваме волјата на македонскиот народ.