Достапни линкови

Прекинати истражувањата во Зрзе


Манастирот Зрзе
Манастирот Зрзе

Министерството за култура ги прекина истражувањата во археолошкиот комплекс Зрзе, без да ги соопшти причините, иако се работи за значаен објект.

Но, не презема ниту мерки за да ги заштити досегашните врвни и уникатни по својата важност археолошки наоди кои говорат дека токму на овој локалитет егзистирал монашки живот од конституирањето на христијанството од втората половина на 4 век. Реагира раководителот на проектот д-р Бранко Ристески.
Станува збор за вредност во еден поширок балкански простор, значи како уникатна вредност, уникатни форми: семетријалното плато, засводената гробница, комплексот со својот римски дел... и од тие причини зачудува незаинтересираноста да се заштити.

„Станува збор за вредност во еден поширок балкански простор, значи како уникатна вредност, уникатни форми: семетријалното плато, засводената гробница, комплексот со својот римски дел... и од тие причини зачудува незаинтересираноста да се заштити, ако веќе не можеме да зборуваме за негова понатамошна ревитализација и културна експлоатација. Во ваква ситуација тоа е дури и несериозно да се спомнува кога нема ни физичка заштита на остатоците“, вели д-р Бранко Ристески, научен советник од прилепскиот Институт за старословенска култура, кој е раководител на проектот.

Во првата фаза од археолошките истражувања се откриени остатоци од старохристијански комплекс датиран од доцниот 4-ти до крајот на 6-иот век и еден монашки комплекс, исклучителен по своите културно-цивилизациски вредности, датиран од крајот на 9 и почеток на 10 век, кој
што континуирано егзистирал до крајот на 15 век.

Археологот Бранко Ристески


За историјата на културата не само во Македонија, туку и на централно-балканскиот простор како што вели д-р Ристески, а може и пошироко овие се уникатни откритија и државата треба да покаже адекватна грижа.

„Остатоците од монашкиот комплекс, исто така по своето значење станува збор за уникатни примери на монашкото живеење од крајот на 9-от и почетокот на 10-от век, до 15 век. Станува збор за три фази егзистирање на оваа монашка населба, сите тие келии кои беа целосно откриени, целосно подложени на археолошко истражување, по сите стандарди на археолошката наука, сега се комплетно незаштитени и е
Остатоците од монашкиот комплекс, исто така по своето значење станува збор за уникатни примери на монашкото живеење од крајот на 9-от и почетокот на 10-от век,
до 15 век.
видливо нивното уништување, се плашам дека за некоја година нема да имаме видливи остатоци од овој уникатен наод“, прогнозира д-р Ристески

Тој сепак потенцира дека за само две години Министерството за културало инвестирало приближно 8 милиони денари, токму за ареохолошките истражувања на овој локалитет, што е навистина како што вели голема сума средства вложени во еден локалитет за толку краток период.

Крајот на проектот како што објаснува, опфаќа туристичка адаптација на просторот. Треба да се гради пристапна патека за посетителите, а на платото пред влезот во комплексот да има опремен простор и за одмор на граѓаните во природа, зашто Зрзе е еден од најпосетуваните манастири во Прилепско. Според најавите за таа цел ќе бидат побарани и средства од странски донатори.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG