Носителот на листата на СДСМ во четвртата изборна единица, Зоран Заев денеска беше во Прилеп, каде на граѓаните им ја објасни партиската изборна програма. Тој најави исклучително позитивна кампања, во секое населено место, како и на пултови со флаери каде ќе ја претставуваат програмата на СДСМ. Заев потенцира дека фокусот е ставен на економските прашања, на отворање работни места за младите и другите граѓани.
„Сакаме да пуштиме порака дека нудиме решение и нови работни места. Ако во Струмица има 32 нови фабрики, 12 нови откупни пункта кои вработуваат 3250 луѓе, тогаш тоа може да го има во цела Македонија“, изјави Заев.
Прашањето за името, рече тој, е вградено во програмата на СДСМ.
Официјалниот почеток на кампањата носителот на листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за шестата изборна единица Никола Тодоров ја имаше во старата тетовска населба Два Бреста. Тодоров се сретна со повеќе жители од Два Бреста со цел да ги информира за она што Владата го направила во изминатиот период, како и за тоа што планираат да се сработи во следниот период. Преку нашата изборна програма „Манифестот за реформи и развој“, потенцира тој, се опишуваат скоро 1200 проекти што сме ги реализирале за време на нашето владеење, со што потврдуваме дека ги исполнуваме ветувањата.