Знаете ли дека не мора да одите до Шпанија за да видите дело на Пабло Пикасо или до Холандија за да уживате во сликите на Рембрант? Ниту пак да патувате до Франција за да го видите она што го твореле Виктор Вазарели, унгарскиот сликар и најголем иноватор и мајстор на Оп-артот и истакнатиот српски сликар и академик Владимир Величковиќ или, можеби до Словенија за да уживате во графиките на Јоже Циуха?
Сето ова заедно со творбите на Ташковски, Чемерски, карикатурите на Дарко Марковиќ, младите дејци од Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т, графити уметниците Руки и Флим и многу други македонски творци, ќе можете да ги видите на првата Арт рута насловена како ЕВРОПА ВО ЦЕНТАР што од 6 до 9 мај ќе се одржи на скопската улица Максим Горки. Случувањето е дел од активностите за ДЕНОТ НА ЕВРОПА во Република Македонија, а како организатор на овој иновативен уметнички исчекор се појавува ОСТЕН – Светската галерија на уметноста на хартија.
„Ова што го правиме е некогашна идеја, улицата Максим Горки да прерасне во улица на уметниците. Буквално неколку дена да биде фестивал, саем, тоа му фали на Скопје“, истакнува Мице Јанкуловски, директор на Галерија ОСТЕН.
Делата ќе бидат изложени и во околните објекти како Поштенска, Еуростандард и Уни банка, амбасадите на Шведска, Норвешка и Шпанија, канцелариите на УНДП и МК- ЕУ инфо центар, продавниците и кафулињата и рестораните што се на тој потез, а Корнелија Коневска , проект менаџер на настанот, откако ќе потенцира дека главната цел на манифестацијата е да се доближи европската и македонската уметност поблиску до граѓаните на еден понаков, уникатен начин, дополнува:
„Една од целите на Арт рутата е на некој начин да создаваме публика за уметност.“
Инаку, намерата на организаторите на Арт рутата е случувањето да прерасне во традиционално, та дури и да му се даде поширок – мултимедијален третман.
„Она што сакавме сега да го постигнеме е само да испровоцираме размислување во тој правец.“
Официјалниот почеток на Арт рутата ЕВРОПА ВО ЦЕНТАР ќе биде во 19 часот, со отворањето на изложбата 4 наградени автори – цртеж: Пикасо, Вазарели, Циуха и Величковиќ во Галеријата ОСТЕН, при што се очекува да говори г-дин Петер Соренсен, амбасадор на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.
Ова што го правиме е некогашна идеја, улицата Максим Горки да прерасне во улица на уметниците. Буквално неколку дена да биде фестивал, саем, тоа му фали на Скопје.
Сето ова заедно со творбите на Ташковски, Чемерски, карикатурите на Дарко Марковиќ, младите дејци од Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т, графити уметниците Руки и Флим и многу други македонски творци, ќе можете да ги видите на првата Арт рута насловена како ЕВРОПА ВО ЦЕНТАР што од 6 до 9 мај ќе се одржи на скопската улица Максим Горки. Случувањето е дел од активностите за ДЕНОТ НА ЕВРОПА во Република Македонија, а како организатор на овој иновативен уметнички исчекор се појавува ОСТЕН – Светската галерија на уметноста на хартија.
„Ова што го правиме е некогашна идеја, улицата Максим Горки да прерасне во улица на уметниците. Буквално неколку дена да биде фестивал, саем, тоа му фали на Скопје“, истакнува Мице Јанкуловски, директор на Галерија ОСТЕН.
Делата ќе бидат изложени и во околните објекти како Поштенска, Еуростандард и Уни банка, амбасадите на Шведска, Норвешка и Шпанија, канцелариите на УНДП и МК- ЕУ инфо центар, продавниците и кафулињата и рестораните што се на тој потез, а Корнелија Коневска , проект менаџер на настанот, откако ќе потенцира дека главната цел на манифестацијата е да се доближи европската и македонската уметност поблиску до граѓаните на еден понаков, уникатен начин, дополнува:
„Една од целите на Арт рутата е на некој начин да создаваме публика за уметност.“
Она што сакавме сега да го постигнеме е само да испровоцираме размислување во тој правец.