Достапни линкови

Поповски, истражувач од светски ранг


Петар Поповски
Петар Поповски

Охриѓанецот Петар Поповски е истражувач од светските ранг во сферата на безжичните комуникации. Тој е и професор на Универзитетот Алборг во Данска.

Истражувач од светски ранг во сферата на безжичните комуникации, научник кој работи на најновите трендови во телекомуникациите што го движат бизнисот и сменија животот на планетата - Петар Поповски од Охрид, електроинжинер кој магистрира во Скопје, а докторира на универзитетот во Алборг Данска, каде е професор, вели дека мобилните телефони и интернетот се епохални откритија на денешнината како електричната енергија во минатото без кои е незамисливо нашето живеење, па сега луѓето комуницираат со Ај-фони или паметни
Во Данска, парите што од ЕУ ги добиваме за истражувања, тие доаѓаат на нашиот институт, каде можеме директно да раководиме со нив. Тука, колку што знам, моите колеги во Македонија, кои се успешни во наоѓање пари од ЕУ, се соочуваат со проблеми на начин на нивно користење, поради административните и законски пречки. Неопходно е олеснување и промовирање на претприемништвото, како и профилирање на техничкото
образование.
телефони и се зависни од интернетот, што далеку ги надминува проекциите на мрежите на мобилните оператори, а потребите на луѓето постојано еволуираат.

„Начинот на кој ги користиме компјутерите е многу променет во последниве години. Со наједноставни зборови кажано, пред десет години ние одевме кај компјутерот да го користиме, а сега компјутерот е во нашите мобилни телефони и тој доаѓа со нас. Тоа е огромна разлика, за тоа какви апликациите ќе ги развиваме. Друг тренд е минијатуризацијата на сите тие интерфејси, така што сега за нас станува не баш згодно да работиме на мали интерфејси со мали тастатури. Она што би било голема револуција во овој поглед се новините, за кои има прототипови што не се во широка употреба, наместо да гледаш на мобилниот телефон на самиот екран, каде и да си седнат, да искористиш некој екран до тебе, и со поврзување на мобилниот телефон на него, на проектор на ѕид или слично, наместо тастатурата да ја носиме со нас и да го користиме мобилниот, да се проектира тастатурата на масата и со самото типкање на масата внесуваш податоци“, вели Поповски.

Според него, популарниот Фејсбук и новите медиуми, чии корисници треба да се заштитат од злоупотреба, се почесто се користат за маркетинг и создавање пари, а со аферата Викиликс се откри моќта на технологијата на анонимното одлевање на тајни важни информации од компаниите и организациите што ги потресоа државите, дури и САД. Науката сега оди кон комуникација без присуство на луѓето.

„Машините ќе комуницираат меѓу себе дефинитивно, на што се оди. Но, за класични состаноци и класичен тип на компанија, во која сите физички доаѓаат на едно место, мислам дека тоа ќе се менува, за тоа што сега трендот е да се зборува за технологии кои заштедуваат енергија, такавиканите зелени технологии, кои што намалуваат јаглерод диоксид во атмосферата и ги подобруваат климатските услови на земјата. Има примери каде ние одиме на научни конференции каде се зборува за безжична технологија која ќе биде зелена и ќе заштедува енергија, а одиме на конференциите со авиони и со тоа сме направиле јаглерод диоксид колку што десет илјади такви инвенции не можат да го намалат. Значи, иднината е да се прават тип на конференции и состаноци преку интернет, со кои ќе имаш чувство дека се баш тука до тебе. Технологијата одамна зборува за тоа, такви видеофони постоеле во Америка уште во 1960 година“, објаснува Поповски.

Тој е прогласен за млад елитен истражувач во Данска. Популарниот професор меѓу студентите кој постојано гостува на светските универзитети, автор на патентирани пронајдоци, не ја исклучува можноста некогаш да се врати во Македонија, но за привлекување на нашите мозоци од надвор, мора да се променат условите кај нас.

„Конкретно на софтферска и телекоминикацските технологии, треба да се стимулира претприемаштвото и фондовите и институции, каде луѓето ќе можат своите идеи да ги реализираат, преку нив да создаваат вредност и нови работни места. Треба да има ефикасна администрација, што ќе може да ги апсорбира парите од научните проекти од ЕУ и други извори, што е работа на една реформирана администрација. Во Данска, парите што од ЕУ ги добиваме за истражувања, тие доаѓаат на нашиот институт, каде можеме директно да раководиме со нив. Тука, колку што знам, моите колеги во Македонија, кои се успешни во наоѓање пари од ЕУ, се соочуваат со проблеми на начин на нивно користење, поради административните и законски пречки. Неопходно е олеснување и промовирање на претприемништвото, како и профилирање на техничкото образование. Не само да се оди кон создавање информатичко образование, туку да се види во која насока имаме потенцијал да се создаваат кадри, што тие би работеле и како да се стимулираат да почнат да создаваат вредноста во таа насока. Сметам дека тоа е она што е различно од западните држави“, вели истражувачот Петар Поповски од Охрид, еден од нашите најуспешни научници во светот.
XS
SM
MD
LG