Достапни линкови

Хрватски корупциски октопод


Иво Санадер
Иво Санадер

Од корумпирање судии до плаќање естрадни ѕвезди да не пеат на изборни кампањи. Ова се најновите детали кои протекуваат од истрагата за тоа како поранешниот хрватски премиер Иво Санадер доаѓал до пари и како ги трошел. Тој од минатиот месец е во притвор во Австрија поради сомневање за корупција.

Извесно време се мислело дека Иво Санадер го добил блиндираниот БМВ автомобил како подарок од тајкунот од Ријека Роберт Јежиќ, кој на таков начин му се заблагодарил за интервенцијата во Хрватското електростопанство неговиот хемиски комплекс да добива струја по повластена цена. Но, се чини дека дека вистината била нешто поинаква. Тајкунот од Макарска, Маријан Приморац, според хрватските медиуми, признал дека тој ги дал парите за БМВ-то на Санадер во знак на благодарност за една негова интервенција во хрватското правосудство. Приморац, еден од најбогатите Хрвати, пред девет години му купил автомобил на неговиот син кој набргу потоа со огромна брзина, дури 80 киломтери на час над дозволеното прегазил две 16-годишни девојчиња кои потоа починале. Иво Приморац е осуден на две ипол години затвор, по што, според наводите, по интервенција на Санадер, казната му била намалена, меѓу другото и затоа што тој бил од општествено прифатливо семејтсво, што тоа и да значи.

„Доколку таа шпекулација се покаже за точна, односно дека судиите суделе под недозволено влијание, тоа би значело дека тие не би требало веќе да бидат судии“, вели претседателот на Здружението на хрватските судии Ѓуро Сеса.
Ако е тоа вистина, тогаш тоа е за нашата јадна држава престрашно.


Иво Приморац „одлежа“ двесетина месеци таканаречен затвор од отворен тип.

„Ако е тоа вистина, тогаш тоа за нашата јадна држава е престрашно.“

„Јас не сум шокиран. Сега гледам дека бев во право кога велев дека во оваа држава се може да се купи“, изјавија родителите на загинатите девојчиња.


Хрватските медиуми пишуваат и за тоа како биле трошени парите што ги собирал Санадер. Имено, поранешниот благајник на санадеровата партија ХДЗ и шеф на царината Младен Баришиќ признал дека пред парламентарните избори во 2007 година, по наредба на Санадер, му дал на контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томсон на рака повеќе од 500 илјади евра да не пее на ниту една кампања. Санадер проценил дека неговиот ангажман ќе се оцени како сигнал оти партијата свртува на десно. Секако, Томсон ова го негира. Како и да е хрватската јавност е шокирана:

„Она што ме загрижува не се само краците и главата на корупцискиот октопод, туку и водата во која тој живее. Ми се чини дека ќе треба да мине уште време за да се ослободиме од водата каде што растат ваквите октоподи“, вели професорот на Факултет за политички науки во Загреб Иван Грдешиќ.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG