Достапни линкови

Хрватскиот трет Претседател


Иво Јосиповиќ ја прослави победата во Загреб
Иво Јосиповиќ ја прослави победата во Загреб
Јосиповиќ, експерт по уставно право и композитор на класична музика, освои над 60 проценти од гласовите, додека неговиот поранешен партиски колега и градоначалник на Загреб Милан Бандиќ, освои речиси 40 насто. На изборите за претседател на Хрватска на вчерашниот втор круг гласаа 50,28 проценти од гласачите. Јосиповиќ ке стане трет претседател на Хрватска по Фрањо Туѓман и Стипе Месиќ, кои ја водеа државата десет години. Тој, исто така, ќе биде и прв претседател од редовите на Социјал демократите. Јосиповиќ, во своето прво обраќање, изјави дека во Хрватска ќе промовира вредности кои ке ја направат земјата една од големите ѕвезди на Европското небо и дека ќе победи во борбата против против корупцијата.

„Јас силно верувам дека сите ние сакаме да живееме во земја во која работата се исплаќа, а криминалот се казнува, во земја на социјална правда“.

Тој вети дека нема да разочара и дека ке ги исполни ветувањата. Во своето прво истапување Јосиповиќ на крајот повика Да живее Хрватска а во неговото седиште во Клубот на Новинарите во Загреб беше пуштена Бетовеновата Ода на Радоста – химната на Европа. Поразениот Милан Бандиќ на Иво Јосиповиќ му ја честиташе победата а честитики пристигнаа и од Премиерот и лидер на владечаката ХДЗ Јадранка Косор која изрази надеж дека соработката ќе биде во корист на сите хрватски граѓани.

Анализа – очекувањата позитивни

Политичкиот аналитичар Жарко Пуховски за Радио Слободна Европа ја објаснува промената што следи во Претседателскиот Пантовчак.

" Тоа ќе значи дека се излегува од херојската фаза - прво онаа на Туѓман, тврдата, потоа на Месиќ херојска фаза на претседател со човечки лик, во фаза на Претседател без карактер кој ќе работи и ќе го направи она што ни треба за демократијата а тоа е дека ќе го сокрие човекот зад институцијата."

Пуховски смета и дека новиот хрватски Претседател Иво Јосиповиќ во однос на земјите од регионот ке функционира одлично кон сите освен кон Србија, бидејќи жалбата против Србија е негово дело. И политички аналитичар Мате Граниќ смета дека третиот хрватски Претседател мора да биде различен од Туѓман и Месиќ, и дека Јосиповиќ добро ќе се справи со предизвиците кои стојат пред него.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG