Достапни линкови

Српски криминалци во Хрватска


Пресметката во Загреб меѓу членови на српската криминална група, позната како Земунски клан, ја возбуди јавноста и во Хрватска и во Србија. Дел од тамошните експерти сметаат дека овој случај уште еднаш покажа дека за криминалците од поранешна Југославија се уште важат принципите на братството и единството.

Полицијата успеала да го уапси членот на Земунскиот клан Милош Симовиќ додека се обидувал илегално да ја мине хрватско - српската граница.

Симовиќ во вторникот во Загреб со пиштол тешко го ранил Сретко Калиниќ, исто така припадник на Земунскиот клан и кој заедно со Симовиќ е осуден на неколкудецениска казна затвор поради учество во убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.
Во Хрватска тие се чувствуваат сигурни, што е лошо за нас. Втората работа е тоа што тие од Хрватска и натаму можат да си го тераат бизнисот. Тие не се пензионираа.

Тие двајцата се меѓу петте најбарани српски криминалци, а според хрватската полиција многу српски криминалци се кријат во Хрватска по укинувањето на визите.
Сретко Калиниќ

„Загрижува кој се уште слободно шета низ Хрватска, а има дебело криминално досие, било во Србија, било во целиот регион и што на тоа работат тајните служби. Тоа е единството клучно прашање. Треба ли да очекуваме нешто да се случи?“, вели поранешниот хрватски министер за внатрешни работи Шиме Лучин.

Со него се согласува советникот за безбедност Мате Лаушиќ, наведувајќи дека на извесен начин, нивното присуство ја доведува под прашалник и безбедноста на Хрватска.

„Во Хрватска тие се чувствуваат сигурни, што е лошо за нас. Втората работа е тоа што тие од Хрватска и натаму можат да си го тераат бизнисот. Тие не се пензионираа.“

Инцидентот во Загреб, според српската полиција, само ќе придонесе за побрзо затворање на случајот со Земунскиот клан. Според полициските наводи, Калиниќ кој важи за најсуров член и главен егзекутор на Земунскиот клан, бил поврзан и со групата на нарко-босот Дарко Шариќ против кого во Србија се води опсежна акција.

Покрај Калиниќ и Симовиќ, во бегство се уште неколкумина членови на кланот. Експертите во Србија не се изненадени од тоа што некои од нив се појавија во Хрватска, бидејќи, како што велат, криењето во регионот е едно од правилата на балканските криминалци.

„Но, секако, ако станува збор за некакви нарко криминални групи и ако сето тоа се прави во целиот регион, тогаш е сосема јасно дека постојат блиски и силни врски меѓу тие групи. Ако кон ова се додаде дека станува збор за луѓе кои важат за добри егзекутори,
Криминалците одамна покажаа дека ги почитуваат принципите на братството и единството. За нив меѓу Србија и Хрватска нема разлика. Секогаш уживаат во заштитата на другите кланови.
претпоставувам дека нивните услуги им требаат на многумина“, вели Божо Прелевиќ, некогашен комесар во српската полиција.
Гробот на убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ

На исто мислење е и Рајко Даниловиќ, адвокат на сопругата на убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ:

„Криминалците одамна покажаа дека ги почитуваат принципите на братството и единството. За нив меѓу Србија и Хрватска нема разлика. Секогаш уживаат во заштитата на другите кланови.“

Последен пат името на Сретко Калиниќ се појави по убиството на Зоран Вукојевиќ, сведок во судењето во процесот против осомничените во атентатот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ. Сите злосторства што му се припишуваат на Калиниќ биле извршени многу брутално.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG