Неодамнешното апсење на голема криминална група на подрачјето на Босна и Херцеговина и Србија, покажува дека земјите од регионот соработуваат во борбата против криминалот, но во исто време тоа е и уште еден знак дека овие земји се сериозно загрозени од организираниот криминал. Тоа може да биде избегнато само со заедничко дејствување и со поддршка од Европската унија, е ставот на министрите за внатрешни работи и за правда на државите во регионнот на конференцијата во Белград. Собирот го отвори претедателот на Србија Борис Тадиќ кој побара поголема соработка во борбата против криминалот.
,,Ние сме апсолутно решени да му зададеме конечен удар на организираниот криминал не само во Србија, туку и во југоисточна Европа. Во таа борба сметаме и на сите други соседни држави и сметаме на европските институции.,,
Изјави претседателот Тадиќ, оценувајќи дека политичката фрегменатција на општествата не придонесе и за фрагментација на криминалните организации. Според српската делегација, земјите од Западен Балкан би требало да потпишат мултилатерален договор со кој би се уредил прашањето на израчување на осомничените за организиран криминал. Дека оваа негативна појава има посебна тежина во регионот на Балканот со оглед на можноста да ја загрози неговата стабилност, но и неговата интеграција во Европската унија потврди и потпретседателот на Европската комисија задолжен за правдата и безбедноста Жак Баро:
,,Заедно со корупцијата и перењето пари организираниот криминал сериозно им штети на стопанствата на земјите од Западен Балкан и на нивните напори да одговорат на глобалните предизвици. Тие како држави немаат доволно капацитет да реагираат сами на овие прекуграничени предизвици.,,
рече Баро, додавајќи дека Европската унија и нејзините членки во целост ќе ја поддржуваат регионалната и меѓународната соработка, како и развојот на поефикасни инструменти во борбата против криминалот. Голем број осомничени криминалци во Западен Балкан, се заштитени од екстрадиција со добивање двојно државјанство на земјите кои настанаа од поранешна Југославија, што е клучна пречка за гонење на обвинетите за организиран криминал или воени злосторства во целиот регион. Говорејќи на маргините на конференцијата во Белград Баро го повтори очекувањето Европската унија во декември да даде зелено светло за безвизен режим за Србија. ,,Експертска мисија во октомври ќе престојува во Белград да оцени дали ги исполнил потребните услови,, изјави тој во врска со препораката на Европската комисија од јули годинава, граѓаните на Македонија, Црна Гора и Србија од јануари две илјади и десетета да можат без визи да патуваат во Европската унија.
Заедно со корупцијата и перењето пари, организираниот криминал сериозно им штети на стопанствата на земјите од Западен Балкан и на нивните напори да одговорат на глобалните предизвици..