Достапни линкови

Американската конгресменка реагира на терапијата


Габриела Гифордс
Габриела Гифордс

Претставничката од Демократската партија, 40-годишна Габриел Гифордс, беше застрелана од блиску на јавно место во градот Тусон.

Aмериканската конгресменка Габриела Гифордс, која беше застрелана во Аризона, реагира добро на терапијата и може да ги следи едноставните команди по операцијата на главата.
Докторите соопштија дека се уште е рано за прогнози, но тие се претпазливо оптимистични за нејзината состојба.
Гифордс, која е член на Демократската партија, беше застрелана пред супермаркет во Аризона, а при престрелката загинаа шест луѓе, а 13 беа повредени.

Според американските медиуми, напаѓачот отворил оган врз масата насобрани луѓе и притоа застрелал шестмина, меѓу кои и едно деветгодишно девојче и федерален судија, а 13 луѓе биле повредени.

Од болницата каде што е сместена конгресменката Гифордс соопштија дека се оптимисти за нејзината состојба и закрепнување.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека инцидентот е трагедија за целата земја.

Ова е трагедија за Аризона и за целата наша земја.


„Ова е повеќе од трагедија за тие што се вклучени во настанот. Ова е трагедија за Аризона и е трагедија за целата наша земја. Она што Американците го прават за време на трагедии е да си пружат подршка едни на други.“

Кубанскиот лидер Фидел Кастро го осуди инцидентот и го опиша како крволочен. Според Кастро и покрај неговите несогласувања со администрацијата на Обама ниту едно дете, судија, законодавец или граѓанин на САД не треба да загине на апсурден и неоправдан начин.

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле испрати подршка до семејството на Гифордс и изјави дека е шокиран од настанот.

Осомничениот за нападот е приведен од полицијата и се трага по друг маж за кој се верува дека е поврзан со случајот.
Гифордс e членка на Демократската партија на Претседателот Барак Обама и на изборите во ноември во минатата година беше избрана да ја претставува Аризона.
XS
SM
MD
LG