Египќаните од Охридскиот регион, за кои постојниот закон за попис е неприфатлив и не овозможува спроведување на објективен и транспарентен попис, сметаат дека официјалните статистички показатели дека во Македонија има 3.300 Египќани се неточни. Според нив реалната бројка е околу 20 илјади Египќани, кои бараат да бидат застапени во пописните комисии, а во спротивно најавува бојкот на пописот.
„Сметаме дека треба да имаме наш член во државната пописна комисија и во општинските комисии во Охрид, Струга и Ресен каде што се сконцентрирани Еѓипќаните, и затоа таму сакаме да имаме наши претставници и попишувачи. Во нашите услови е и барањето пописот да се одржи во месеците јуни и јули, затоа што тогаш над 20 илјади Египќани кои моментално престојуваат во дијаспората, Западна Европа, Америка и Австралија, во тој период доаѓаат во своите домови. Тие се државјани на Македонија и на тој начин ќе имаме една реална и објективна бројка што ќе значи и прв чекор кон едно легитимно барање да влеземе во преамбулата на уставот што сама по себе генерира една крајно дискриминаторска атмосфера во однос на сите наши права и се она што е предвидено со уставот на Република Македонија“, вели Демир Далип, претседател на Граѓанската иницијатива за Еѓипќанско национално единство.
Тие ги поддржуваат барањата на Нова Демократија за измени на законот за пописот за реално да бидат претставени и застапени Египќаните во државава и институциите. За разлика од Косово, Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија, каде на Египќаните им се решаваат малцинските прашања и тие се интегрираат во системот, во Македонија според Далип тие се жртви на политички пазар и математиките со нивните гласови и затоа сеуште не се влезени вопреамбулата на уставот, што според него е клуч за нивен рамноправен третман со останатите етнички заедници во земјава.
„Опасен е оној момент кога лошата политиката или политиката со лоши намери влезе во еден статистички процес, како што е пописот. Тогаш тоа станува опасна категорија, затоа што се деградира самото општествено ткиво, и тогаш настапуваат општествените хендикепи како што е расната дискриминација, и во иднина може да се повтори она што беше во 2001-ва година, за што јас не сакам воопшто да размислувам. Но, затоа треба нешто да се преземе за да се спречат таквите дејствија. Сметам дека 17 илјади граѓани кои се изјасниле како Египќани се префрлени во графата „други“, а кои се тие „други“ најдобро знаат шминкерите кои го направија пописот во 2001 година“, вели Далип кој е и претседател на десното крило на политичката партија Сојуз на Египќани.
Овој етникум чии претставници тврдат дека во Македонија како автохтон народ се дојдени пред многу векови од Египет, за мајчин јазик го имаат Албанскиот, со Исламска вероисповед, најчесто се занимаваат со старите занаети и како лојални граѓани на државата не сакаат да бидат нејзини кираџии, со според нив неправедната застапеност со процент кој е едвај поголем од нулата.
Сметаме дека треба да имаме наш член во државната пописна комисија и во општинските комисии во Охрид, Струга и Ресен каде што се сконцентрирани Еѓипќаните, и затоа таму сакаме да имаме наши претставници и попишувачи
„Сметаме дека треба да имаме наш член во државната пописна комисија и во општинските комисии во Охрид, Струга и Ресен каде што се сконцентрирани Еѓипќаните, и затоа таму сакаме да имаме наши претставници и попишувачи. Во нашите услови е и барањето пописот да се одржи во месеците јуни и јули, затоа што тогаш над 20 илјади Египќани кои моментално престојуваат во дијаспората, Западна Европа, Америка и Австралија, во тој период доаѓаат во своите домови. Тие се државјани на Македонија и на тој начин ќе имаме една реална и објективна бројка што ќе значи и прв чекор кон едно легитимно барање да влеземе во преамбулата на уставот што сама по себе генерира една крајно дискриминаторска атмосфера во однос на сите наши права и се она што е предвидено со уставот на Република Македонија“, вели Демир Далип, претседател на Граѓанската иницијатива за Еѓипќанско национално единство.
Тие ги поддржуваат барањата на Нова Демократија за измени на законот за пописот за реално да бидат претставени и застапени Египќаните во државава и институциите. За разлика од Косово, Србија, Црна Гора, Бугарија и Албанија, каде на Египќаните им се решаваат малцинските прашања и тие се интегрираат во системот, во Македонија според Далип тие се жртви на политички пазар и математиките со нивните гласови и затоа сеуште не се влезени во