Достапни линкови

Проблематизирање на пописот


Скопје
Скопје

Според дел од партиите, пописот на населението што ќе се одржи наредната година во април има низа недоследности и неодговорени прашања.

ВМРО и ДУИ се договорија дека пописот ќе го спроведе Државната пописна комисија во соработка со Државниот завод за статистика, а мал мониторинг ќе врши Еуростат институцијата за статистика на Европската унија. Според најавите во пописот ќе бидат вклучени речиси 19 илјади луѓе. Половина од нив ќе бидат избрани по случаен избор од администрацијата, а уште толку на јавен оглас. Во сите структури ќе биде запазен критериумот за правична застапеност на заедниците. Аријанит Хоџа од Нова Демократија вели дека за нив спорна е улогата на комисијата и терминот на пописот.
Која е улогата на таа 20 члена Комисија кога сеуште пописот ќе го води Државниот завод за статистика и зошто периодот на пописот е април, а не јуни, јули или август кога повеќето од печалбарите се враќаат во родниот крај


,,Која е улогата на таа 20 члена Комисија кога сеуште пописот ќе го води Државниот завод за статистика и зошто периодот на пописот е април, а не јуни, јули или август кога повеќето од печалбарите се враќаат во родниот крај."

За партијата сомнително е и тоа што заводот за статистика ќе ја води целата постапка.

,,Таму правичната застапеност на Албанците е катастрофална, а уште повеќе што таму нема во влијателна функција ниту еден Албанец."

Андреј Жерновски од ЛДП вели дека потребен е попис на населението, но проблемот е во тоа што целиот проект започнува преку политичките партии.
Лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ ги соопштуваат бројките пред воопшто да се одржи пописот што веќе наговестува колку би требало да бидат тие бројки

,,Лидерите на ВМРО ДПМНЕ и на ДУИ ги соопштуваат бројките пред воопшто да се одржи пописот што веќе наговестува колку би требало да бидат тие бројки. Исто така не е јасно кој ќе бидат тие членови што ќе го надгледуваат и спроведуваат овој попис."

Андреј Петров од СДСМ вели дека тие очекуваат пописот да биде спроведен како што треба и да се добијат податоци кои ќе служат и во интерес на граѓаните и на државата..

,,Да биде изведено коректно, според научните методи што постојат и негледаме причина за некаква посебна реакција околу тоа, бидејќи е редовна активност што државата треба да ја заврши и изрши."

ДПА веќе се закани со бојкот на пописот поради терминот на неговото одржување. Досега во земјава се направени осум пописи на населението, а наредниот ќе ја чини државата 14 милиони евра.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG