Достапни линкови

Пропуштени евроинтеграции?


Политичка пресметка, немaње визија за иднината...Што е причината за актуелизирањето на темата за пропуштените евроинтеграции во минатото?



На прагот на есента кога се очекува извештајот на ЕК за напредокот на земјата и НАТО самитот во Лисабон, власта не навраќа на минатото и на тоа како и каде се пропуштени работите со нашите евроинтеграции во минатото. Отсуство на визија за излез од комплетната блокада, подготовка за нови неуспеси или обична политичка пресметка? Петар Поп Арсов од владејачката ВМРО -ДПМНЕ
Едноставно да се постават работите онака како што се, да немаме еден вид на инверзија на тези, односно да ги извртуваме тезите и врз база на тоа да печалиме политички поени
потребата сега да се образложат причините за долготрајната неможност да се направи чекор напред во евроинтеграциитеја смета како неопходна со цел да се демантираат тврдењата на опозицијата дека сегашната власт не посветува доволно внимание на европската агенда и дека на неа не се посветува доволно време а истовремено да го потисне фактот дека станува збор за грчка блокада.

,,Едноставно да се постават работите онака како што се, да немаме еден вид на инверзија на тези, односно да ги извртуваме тезите и врз база на тоа да печалиме политички поени." изјави Поп Арсов.

Професорот и поранешен министер за надворешни работи Денко Малески вели дека е потребна расправа за грешките поради кои ние сме сега на овој пат, но отварањето на ваквата тема токму сега како што вели е обична внатрешна политичка пресметка и обид да се покрие фактот дека во овој момент не постои визија за излез од проблемот.
Политичката елита е притисната до ѕид, се навраќа назад барајќи изговори за доцнењето во минатото

,,Политичката елита е притисната до ѕид, се навраќа назад барајќи изговори за доцнењето во минатото."

За аналитичарот Алберт Муслиу сето ова е губење време во период кога имаме сериозни актуелни задачи и проблеми и обид да се распореди вината тогаш кога се очекува нов неуспех.

,,И веќе подолго време се занимаваме со минатото, а никако да ги решиме прашањата кои ни се појавуваат и кои имаат влијание врз иднината и второ, како подготовка за распределба на вината за тоа што ни следи." вели Муслиу.


Институтот Павел Шатев кој што се смета за близок до власта, ја организираше трибината ,,Македонските евроинтеграции во 90-тите" на која учесниците заклучија дека клучна причина за бавното движење на Македонија кон ЕУ и НАТО, било немањето стратегија и политичка воља од страна на политичката елита во 90-тите години. Со слични ставови минатата недела се појави и претседателот Иванов кој на новинарите им пренесе дека европратеничката Дорис Пак му рекла дека Македонија ја испуштила шансата во 95-тата година да започне преговорите со ЕУ под привремената референца БЈРМ, на што Пак остро реагираше.
XS
SM
MD
LG