Поминаа две години од самитот на НАТО во Букурешт кога македонската кандидатура се сопна на нерешениот спор за името. Од тогаш работите стојат во место, а тогашното разочарување прерасна во тивка апатија што се однесува до евроатлантската перспектива на земјава. Во вакви услови што може да се очекува од новоименуваниот македонски амбасадор во седиштето на НАТО? Да го пополни местото и евентуално да покаже дека кај нас сеуште постои заинтересираност за членство во оваа меѓународна организација, велат упатените, и најверојатно ништо повеќе. Надежта ја освежува единствено претстојниот самит на НАТО во Лисабон. За власта и повеќе од надеж.
„Република Македонија во овој момент настојува да добие покана на претстојниот самит на НАТО и да се добие на време за да може да се изнајде решение во однос на наметнатиот спор од страна на Грција во однос на нашето уставно име, во периодот на ратификации во националните парламенти на земјите членки на НАТО“, изјави пратеникот Петар Поп Арсов од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Тој тврди дека оваа кандидатура не може да падне во заборав и дека Македонија опстанува на висината на задоволените стандарди. Пратеникот од опозиционата СДСМ пак вели дека по Букурешт државава не покажала дека зачленувањето во НАТО и е приоритет.
„И наместо да продолжи реформата во Министерството за одбрана, и модернизација на Армијата, свесни сме дека дојде до милитаризација на полицијата. Полицијата е галениче и милениче на оваа власт, а не Армијата и нашата аспирација да станеме членка на НАТО“,изјави Бучковски.
Времето не работи за нас, предупредува Исмет Рамадани од Евроатланскиот совет и додава дека доколку останеме надвор од организацијата и по самитот во ноември, постои опасност дека оваа наша кандидатура ќе биде подзаборавена.
„Од самите панел дискусии односно случувања, конференции во Брисел и на други места се помалку се спомнува Република Макеоднија во склоп на тоа што се НАТО активности.“
Она што не` одржува засега во кондиција е единствено нашето учество во меѓународните мисии, додава Рамадани. Кога не би биле и тие, ние веќе би биле и целосно заборавени смета тој. Приоритет останува да се најде компромис за името, вели потпретседателот на евроатланскиот клуб. Се` до тогаш, Македонија ќе остане далеку од НАТО.
Република Македонија во овој момент настојува да добие покана на претстојниот самит на НАТО и да се добие на време за да може да се изнајде решение во однос на наметнатиот спор од страна на Грција во однос на нашето уставно име.
„Република Македонија во овој момент настојува да добие покана на претстојниот самит на НАТО и да се добие на време за да може да се изнајде решение во однос на наметнатиот спор од страна на Грција во однос на нашето уставно име, во периодот на ратификации во националните парламенти на земјите членки на НАТО“, изјави пратеникот Петар Поп Арсов од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Тој тврди дека оваа кандидатура не може да падне во заборав и дека Македонија опстанува на висината на задоволените стандарди. Пратеникот од опозиционата СДСМ пак вели дека по Букурешт државава не покажала дека зачленувањето во НАТО и е приоритет.
„И наместо да продолжи реформата во Министерството за одбрана, и модернизација на Армијата, свесни сме дека дојде до милитаризација на полицијата. Полицијата е галениче и милениче на оваа власт, а не Армијата и нашата аспирација да станеме членка на НАТО“,