Европската унија за неколку месеци ќе формира нов унифициран дипломатски сервис.
Но, според аналитичарите, сите надежи дека тој ќе донесе поефикасна надворешна политика на Унијата се преуранети.
Службата е предвидена со Лисабонскиот договор и треба да профункционира на први јануари идната година.
Ќе биде составена од илјадници дипломати во Брисел и во европските мисии во светот.
И додека новото дипломатско тело можеби ќе го смени начинот на кој Унијата ќе ја спроведува надворешната политика, тоа нема да го смени начинот на кој Европа ќе ја формулира таа политика.
„За да биде поефикасен актер во светот на Европската унија најпрвин и е потребно сите нејзини членки да се согласат за одредено прашање. Како второ, членките треба и да сакаат на Унијата да и дозволат да зборува во нивно име што е многу тешко“, вели Клара О’Данел, аналитичар во Лондонскиот Центар за Европска реформа.
Високиот претставник за надворешна политика Кетрин Ештон е уверена дека новата служба ќе и ги даде на Европската унија толку потребните дипломатски мускули.
Но, со неа не се согласуваат некои аналитичари како Јанис Емануелидис од Европскиот центар во Брисел кој смета дека земјите членки нема да се откажат од нивниот ексклузивен суверенитет во надворешно политичките одлуки.
„Елементите кои во минатото во голема мера беа спроведувани од Европската комисија ќе се приближат до елементите кои во минатото беа спроведувани од земјите членки. Значи работите ќе се приближат, но тоа не значи и дека ќе се преселат во надлежност на Европската унија.“
Имено, кога еврокомесарот за проширување Штефан Филе ќе каже дека новата служба ќе и овозможи на Унијата да биде потесно инволвирана во конфликтот во Нагорно Карабах, тој не вели и дека Унијата ќе преземе директна посредничка улога.
Мандатот на Кетрин Ештон не оди подалеку од консензусот на 27 те членки, со оглед на тоа што секоја има право на вето на која било надворешно политичка одлука.
Новата служба всушност ќе зема одредници од земјите членки и ќе работи на нивно усогласување со заедничката европска надворешна политика.
Како и да е, во Брисел веќе се води вистинска трка за места во новата служба, но и за контрола врз неа.
Како главни кандидати се спомнуваат оние од Франција, Германија и Полска, бидејќи како што велат некои посматрачи, би било глупаво земјите членки да не го искористат и ова тело за да си ги тераат нивните сопствени позиции.
Затоа, според нив, тешко дека новата служба ќе биде одговор на познатото прашање на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер на кој да му телефонира кога сака да зборува со Европа.
Најверојатното сценарио изгледа е она што во една прилика го кажа самата Ештон.
Според неа, со новото тело Европа добива само телефонска централа со инструкции до повикувачот ако сака да го слушне францускиот став да притисне единица, германскиот, двојка, британскиот, тројка.

За да биде поефикасен актер во светот на Европската унија најпрвин и е потребно сите нејзини членки да се согласат за одредено прашање. Како второ, членките треба и да сакаат на Унијата да и дозволат да зборува во нивно име што е многу тешко.