Достапни линкови

Формирање на дводомен Парламент?


ДПА реши да продолжи со бојкотот на Собранието и настапи со нова идеја за формирање на дводомен Парламент.

Парламентарните политички партии, како и во однос на претходното барање за нов Охридски договор, сметаат дека последната идеја на оваа опозициска партија нема актуелност и оти станува збор за дневнополитички потег. Во Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија не мислат дека одлуката за останување надвор е добра и коментираат дека проблемите треба да се решаваат по институционален пат, без разлика дали барањата се легитмини или не:
Во врска со барањата за наводен дводомен Парламент итн, нашиот став е дека Охридскиот договор е доволно широка рамка за да ги исполни барањата на етничките заедници, особоено албанската заедница.


„Во врска со барањата за наводен дводомен Парламент итн, нашиот став е дека Охридскиот договор е доволно широка рамка за да ги исполни барањата на етничките заедници, особоено албанската заедница“, изјави Гордан Георгиев.

По излегувањето со идејата, поголемиот дел од политичките партии сметата дека ова е трик како партијата да остане надвор од Парламентот. Поранешниот претседател на Собранието Стојан Андов вели дека ДПА всушност не поставува услов туку пречка како да не се појави во законодавниот дом. Без разлика дали се легитимни или не, оваа партија своите идеи треба да ги изнесува пред интитуциите доколку сака истите да бидат разгледани, а не да истапува со барања пред медиумите, посочува Андов:

„Не е тоа некое барање кое може да има некоја процедура, па да биде разгледувано итн. Не е во таква форма доставено.“
Во наши услови, во услови на мултиетничка заедница, тоа нема да води кон хомогенизација на македонското
општество.

Пред членовите на партиското Собрание, лидерот на партијата Мендух Тачи истакна дека причините поради кои минатиот август го напуштиле Парламентот се уште важат и оти ништо не е променето. Во Демокртската Унија за Интеграција го делат мислењето дека невраќањето во Парламентот би било во интерес на било која партија. Легитимно право е да се градат свои убедувања, но друга работа е колку истите комуницираат со реалноста, коментира Џеват Адеми околу идејата за дводомен Парламент:

„За да се случи вакво нешто, во никој случај тоа не може еднострано, во никој случај тоа не може по иницијатива на една партија.“

Според пратеникот Тито Петковски, кој исто така има искуство како поранешен претседател на Парламентот, суштината на идејата на ДПА за дводомен Парламент го доведува во прашање функционирањето на македонското општество:

„Во наши услови, во услови на мултиетничка заедница, тоа нема да води кон хомогенизација на македонското општество, и ќе се доведе во прашање функционирањето на македонското општество како граѓанско, тоа е суштината.“

Петте пратеници на ДПА од август 2009 година ја бојкотираат работата на македонското Собрание. Барањето за преуредување на Параламентот доаѓа откако претходно оваа пртија излезе со убедување дека е потребен нов Охридски Договор.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG