Достапни линкови

Деблокирање на работата на Собранието?


Политичките партии започнаа со работни средби за надминување на несогласувањата и за враќање на опозицијата на собраниските координации. Засега тешко им оди околу постигнување на консензус за измените на Деловникот.

Пратеничките групи се преиспитуваат до каде може да одат во отстапките и дали новиот деловник ќе биде донесен со консензус откако претседателот на Собранието Трајко Вељановски најави дека деновиве ќе се надминат несогласувањата за измените. Велјановски изјави дека разликите може да се усогласат и најдоцна до 15-ти јуни да бидат верификувани. Засега во пратеничката група на
За жал засега нема поместување во насока на решавање на Деловникот, најверојатно во очекување на новиот извештај од ЕК е и изјавата на претседателот Трајко Вељановски дека конечно мора да се седне и да се донесе Деловник кој што ќе биде прифатлив за сите
Социјалдемократскиот сојуз повторуваат дека вчерашната средба не претставува враќање на координациите туку работна средба на која почнале да разговараат за да се отстранат причините поради кои опозицијата истите ги напушти.

,,За жал засега нема поместување во насока на решавање на Деловникот, најверојатно во очекување на новиот извештај од ЕК е и изјавата на претседателот Трајко Вељановски дека конечно мора да се седне и да се донесе Деловник кој што ќе биде прифатлив за сите."

изјави Роза Топузовска Каровска од ЛДП. Договор за измени на деловникот, кој беше донесен пред две години кога опозицијата го бојкотираше паралментот, беше постигнат на лидерската средба кон крајот на минатата година. Тоа досега не се случи што е една од причините СДСМ да ги бојкотира коордианциите кај претседателот на Собранието. Опозицијата бара да може да предлага една точка на дневниот ред на секоја седница и да може и да побара и некаква информација или автентично толкување:

,,Нивната пратеничка група го има условено нивното учество на координациите со прифаќање на нивното барање, една точка од дневниот ред да биде по предлог на опозицијата. Ние како ДУИ немаме ништо против тоа."

коментира Тахир Хани од Демократската Унија за интеграција. Се додека измените не се извршат не може да се смета дека опозицијата ќе се врати на координациите, вели и Флора Кадриу од Нова Демократија:
Тоа претставува само декларативна форма на желба и воља за постигнување на политички дијалог


,,Тоа претставува само декларативна форма на желба и воља за постигнување на политички дијалог, истиот треба да се изреализира со конкретно решение."

Оваа партија е позната по своето барање за употреба на албанскот јазик. Ставот на владата е дека ова се регулира со законот за јазици, а не со деловникот. Еден од критериумите поставени од Европската комисија за започнување на преговори за членство на Македонија е промовирање на конструктивен и сеопфатен дијалог. Британскиот амбасадор во Македонија Ендрју Ки неодамна изјави дека е многу важно да се задржи моментот во сферите каде што минатата година имаше позитивна оценка, на пример за работата на Собранието. Се надевам дека наскоро ќе се усогласат измените на собранискиот деловник и оти ќе продолжат координациите меѓу партиите, изјави тој.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG