Достапни линкови

Кривични пријави за ТВ преноси


Десет прекршочни и четири кривични пријави ќе бидат поднесени против кабелските оператори во Македонија кои нелегално го реемитуваат Светското фудбалско првенство, со што го прекршуваат Законот за радиодифузната дејност, одлучи на последната седница Советот за радиодифузија по извршениот мониторинг на програмите.


„Прекршувањата најмногу се однесуваат на реемитување на програми за кои операторите не обезбедиле авторски права, а некои одат дури дотаму што нудат и цели програмски пакети, што не ги регистрирале во Советот за радиодифузија. Ние како регулаторно тело нема да толерираме вакво драстично прекршување на законските одредби“, рече претседателот на СРД, Зоран Стефаноски.



Преку поднесување кривични пријави, СРД ги санкционираше оние оператори на кабелски мрежи, што нелегално го пренесуваат Светското фудбалско превенство, реемитувајќи странски телевизиски канали.

Членовите на СРД ги потсетија операторите дека ексклузивните права за реемитување на Светското фудбалско првенство во Македонија единствено ги има јавниот радиодифузен сервис - Македонската радиотелевизија.

Советот за радиодифузија продолжува со засилениот мониторинг на операторите на јавните комуникациски мрежи како во Скопје, така и во внатрешноста на земјата.
XS
SM
MD
LG