Саботирана Ал Џезеира Спорт?
Телевизијата Ал Џезеира имала проблеми со емитувањето за време на првиот натпревар на Светското Првенство во фудбал, а според компанијата станува збор за саботажа. Ал Џезеира Спорт, која ги има ексклузивните права на преноси од Јужна Африка за арапскиот свет, соопшти дека и биле прекинати линиите преку сателитите, а инцидентот се истражува. Неемитувањето на преносот меѓу Јужна Африка и Мексико, предизвика остри реакции и негодувања од жителите на повеќе земји од арапскиот свет и оцени дека Ал Џезеира им го уништила задоволството.
И во Кина голем интерес за ТВ преноси
34 милиони кинези целосно го гледале првиот меч од СП во Јужна Африка, а околу 86 милиони, барем делумно, покажуваат резултатите од едно истражување. Ваквите бројки се оценуваат како високи со оглед на тоа што Кина не е учесник на Мундијалот и со оглед на фактот дека првиот натпревар се играше во 22 часот, според кинеско време.
Австралијски фудбласки фанатици
Петмина фудбалски фанатици од Австралија најавија дека ќе се обидат да останат будни над 86 часа, следејки фудбалски натпревари до СП во Јужна Африка, со што ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди. Во периодите кога нема директни преноси, ќе гледаат натпревари од претходните Мундијали и документарци, поврзани со нив. Тие изјавија дека многу сакаат да гледаат фудбал, па нема да им биде проблем да останат будни. Светскиот рекорд во континуирано гледање телевизија, 86 часа, го држи холанѓанецот Ефраим ван Оеверен. Правилото е да не смее да се тргне погледот од телевизорот подолго од 5 секунди, освен за одење во тоалет, а пиењето кафе е ограничено на максимум 5 дневно.