Достапни линкови

Не се знае кој ќе ја брани мрежата на Англија следното коло


На голманот на Англија, Роберт Грин топката му помина низ раце, и и овозможи на репрезенатацијата на Соединетите држави да ремизира со 1:1 во првото коло од групата Ц на Светското првенство во Јужна Африка.

Селекторот на Фудбалската репрезентација на Англија Фабио Капело денеска изјави дека се уште не одлучил дали голманот Роберт Грин следното коло ќе го гледа од клупата за резервни играчи, по грешката на Грин во дуелот со САД. На чуварот на мрежата на Англија топката му помина низ раце, и и овозможи на репрезенатацијата на Соединетите држави да ремизира со 1:1 во првото коло од групата Ц на Светското првенство во Јужна Африка.

„Има уште време да одлучам за тоа. Прво треба да разговоарам со Грин„, изјави Капело.

Претходно Грин изјави дека грешката на натпреварот против САД нема негативно да влијае на него.
„Имам 30 години и како и сите луѓе поминувам низ тежок период во животот. Но спремен сум за тоа. Да бев помлад грешката најверојатно многу повеќе ќе влијаеше на мене“, изјави Грин.

Првата резерва на голот на англиската селекција, е 39-годишниот Дејвид Џејмс.
„Секој голман може да направи грешка. Не заборавајте дека во мечот против САД , Грин имаше неколку одлични интервенции“, изјави Џејмс во одбрана на својот колега.

Репрезентацијата на Англија во второто коло во групта Ц, на 18 јуни ќе игра против Алжир.


Дел од Англичаните не го виделе голот на Џерард


Голем број Англичани во директниот пренос на фудбалскиот натпревар Англија - САД не го виделе голот на Стивен Џерард бидејќи во тој момент била пуштена реклама.

По скандалот телевизијата ИТВ се извинила поради што пуштила реклама, која е емитувана само за корисниците на „хај дефинишн“ сервисот.
„Знаеме како во тој момент се чувствуваа сите кои го следеа натпреварот во ХД сервисот и најискрено се извинуваме. Такво нешто нема да се повтори“, изјави претсатвник на ИТВ.

Најбурно реагирале навивачите кои натпреварот го следеле во пабовите ширум Англија, па сопствениците на локалните биле приморани да го чуваат својот инвентар
XS
SM
MD
LG