Неофицијално, освен возачот од Македонија кој е уапсен од грчката полиција, во земјава се приведени и тројцата организатори на транспортот и нарачатели на пратката, вредна 200 илјади евра на западноевропскиот нарко пазар.
„Познавањето на методите на работа на подземјето е многу битно за нас, зошто врз база на тоа изградуваме методи на докажување. Веќе 4 години работиме на лоцирање и идентификување групи што работат со трговија со дрога, нивните лидери, позиции и врски во Македонија, во Турција и во Европа. Мислам дека одлично ја работиме работата, затоа што при секоја реализација не го фаќаме само товарот и возачот, туку паѓа целата организација. Така беше и во најновиот случај, кога во соработка со американската служба за борба против дрога и грчката служба, во Грција запленивме 74 килограми хероин. Информациите беа наши, изворите на сознанијата, инспекторите и анализата беа на македонското МВР, успехот беше наш во содејство со турската служба“, вели Љупчо Тодоровски, директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.
„Размената на информации и соработката со Македонската полиција е на многу високо ниво што се базира на голема доверба и ни овозможува да имаме добра соработка меѓу нашите офицери за врска и луѓето што се вклучени во оваа проблематика“, оцени Луиз Кортез, началник на одделот за криминалистичко разузнување во Интерпол.
Тој тврди дека со македонската полиција имаат одлична сорабтока во борбата против организираниот криминал и шверцот со дрога, за што од Бирото за јавна безбедност во МВР велат дека Македонија е на прво место. Но сознанијата на терен посочуваат дека бројот на нарко зависници расте, дрогата што се почесто ја користат се помали деца, ја има и во училиштата.
„Според нашата официјална статистика во Охрид има 342 лица регистрирани како нарко-зависиници. Но она што особено не загрижува е намалувањето на старосната граница на нарко зависниците, така што на 14-годишна возраст имаме регистрирано лице зависник на опојна дрога марихуана, а на 16 години имаме зависник на хероин“, вели Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Димоски оценува дека темната бројка на нарко-зависниците е повисока и до пет пати, поради што во Охрид веќе две години се спроведува проектот „Дрога - вистина и заблуди“ за едукација на учениците и родителите во превенција и борба против дрогата.
Размената на информации и соработката со Македонската полиција е на многу високо ниво што се базира на голема доверба и ни овозможува да имаме добра соработка меѓу нашите офицери за врска и луѓето што се вклучени во оваа
проблематика.
„Познавањето на методите на работа на подземјето е многу битно за нас, зошто врз база на тоа изградуваме методи на докажување. Веќе 4 години работиме на лоцирање и идентификување групи што работат со трговија со дрога, нивните лидери, позиции и врски во Македонија, во Турција и во Европа. Мислам дека одлично ја работиме работата, затоа што при секоја реализација не го фаќаме само товарот и возачот, туку паѓа целата организација. Така беше и во најновиот случај, кога во соработка со американската служба за борба против дрога и грчката служба, во Грција запленивме 74 килограми хероин. Информациите беа наши, изворите на сознанијата, инспекторите и анализата беа на македонското МВР, успехот беше наш во содејство со турската служба“, вели Љупчо Тодоровски, директор на Бирото за јавна безбедност во МВР.
Директорот на Бирото за јавна безбедност Љупчо Тодоровски и министерката за внатрешни работи го разгледуваат запленетиот хероин во април 2009 година
Бирото лани има запленето еден тон шверцувана дрога кај нас, а во петте месеци од годинава се фатени 600 килограми. Најчесто дрогата доаѓа од Авганистан и Турција и продолжува низ Грција за земјите во Западна Европа, каде стигнуваат тони шверцувана дрога, од која се открива и запленува само дел. За размената на искуства и соработката во борбата против трговијата со дрога во Охрид на меѓународна конференција расправаат повеќе ескперти од оваа област од земјава, Европа и меѓународни организации. Мислам дека одлично ја работиме работата, затоа што при секоја реализација не го фаќаме само товарот и возачот, туку паѓа целата организација.