Достапни линкови

Ќе има ли датум за преговори?


Од денешната панел-дискусија
Од денешната панел-дискусија

Македонија ќе се најде на агендата, но дали ќе добие датум за преговори ќе одлучат министрите во рамки на Самитот на ЕУ на 17-ти јуни, вели шпанскиот амбасадор во Македонија Хозе Мануел Агуерас. Агуерас потенцира дека шпанското претседателство со ЕУ посакува решение на спрот за името, но тоа зависи од Грција и Македонија.

Македонија ќе се најде на агендата на самитот на Европската унија на 17 јуни, а дали земјата ќе добие датум за преговори ќе одлучат министрите на Унијата. Ние при преземањето на претседателство со Унијата од Шведска во декември во 2009 година ја добивме и таа задача и мора да се освренеме и на ова прашање, вели шпанскиот амбасадор во Македонија, Хозе Мануел Агуерас на маргините на панел дискусијата на тема европските стандарди и нивно влијание во зајакнување на механизмите за заштита на човековите права-
Треба да видиме што ќе одлучат министрите на Советот на Европа и ние не знаме каква ќе биде позицијата, но се надеваме дека некаков напредок е можен.
омбудсман институциите.

„Треба да видиме што ќе одлучат министрите на Советот на Европа и ние не знаме каква ќе биде позицијата, но се надеваме дека некаков напредок е можен.“

Во однос на тоа дали шпанското претседателство очекува да се најде решение за спорот со името до одржувањето на состанокот, Агуерас вели дека тоа зависи од Грција и Македонија.
Ерван Фуере

„Тоа зависи од вас и од Грција, вие треба да одлучите. Ние неможеме да напрвиме ништо бидејќи за тоа се преговара од други инстанци, но се надеваме на најдобро и сакаме тоа да се случи.“
Тоа зависи од вас и од Грција, вие треба да одлучите. Ние неможеме да напрвиме ништо бидејќи за тоа се преговара од други инстанци, но се надеваме на најдобро и сакаме тоа да
се случи.

Еден од најголемите проблеми во заштитата на човековите права во земјава, според евроамбасадорот Ерван Фуере, е постигнувањето на независно судство, што е и еден од најбитните критериуми за евроинтеграцијата на Македонија.

„Постои посветеност на судските реформи, но ние очекуваме да видиме поголема ефективност во нивната имплементација со што би се придонело кон создавање на независно судство кое ќе биде слободно од влијанија и притисоци. Со тоа би се обезбедила поголема заштита на човековите права на македонските граѓани.“

Фуере порачува дека владата мора да продолжи со спроведувањето на реформите, посебно во администрацијата и судството. Имаше прогрес на тој план, но останува уште многу работа доколку земјата сака повторно да добие позитивен извештај од Европската Унија, вели тој.

„Ние повторно и ја истакнавме на владата важноста на спроведувањето на реформите, иако е разбирливо дека таа сака да се фокусира на позитивните работи. Важно е и јавното мислење да биде свесно за ситуацијата и потребно е владата да свати дека има области и недостатоци на кои треба уште да се работи и тоа е предизвикот со кој во моментов таа се соочува.“

Народниот правобранител Иџет Мемети вели дека еден од најголемите проблеми за кој земјата добива критики години наназад е дискриминацијата.

„После долги години спремање се донесе закон, кој веднаш ќе кажам, верувајте, не само поради одреден сегмент, туку општо гледано како правна норма, нема да може да ја исполни целта поради која е донесен со полн капацитет, не верувам дека може успешно да ги штити сите ранливи групи.“

Мемети смета дека е потребна едукација на граѓаните за начините на заштита од дискриманација, бидејќи само така може да се постигнат резултати на тој план.

На панел дискусијата гостин и европскиот народен правобранител Фернандо Гарсија Винсенте.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG